Жените полудеа по оваа хит диета: Пеганизмот содржи правило 5-4-3-2-1 од кое долгорочно се влијае на слабеењето

Добивај вести на Viber

Пеганската диета ги комбинира концептите на веганска и палео исхрана и е многу ефикасна кога станува збор за слабеење.

Како што сугерира самото име, пеганската диета се заснова на палео и веганска диета. Накратко, луѓето кои се придржуваат на Палео диетата консумираат само храна која била достапна во палеолитската ера (старо камено доба): зеленчук, овошје, јаткасти плодови, риба и месо.

Обично ги исклучува млечните производи, житарките, шеќерот, мешунките, масла, солта, алкохолот и кафето. Веганството пропишува воздржување од какви било производи и нуспроизводи од животинско потекло - вклучително месо, риба, јајца, сирење, јогурт и мед - и наместо тоа се препорачува да се јаде храна од растително потекло.

Во основа, идејата е да јадете повеќе зеленчук и билки и да го намалите внесот на преработена храна - основна идеја што ја споделуваат и други планови за здрава исхрана.

Во текот на денот треба да го следите правилото 5-4-3-2-1. Што значи тоа?

Значи, пеганизмот сугерира во текот на денот да јадеме на следниов начин:

-5 порции зеленчук (освен коренест зеленчук)

-4 порции јаглени хидрати: овошје и житарки (освен пченица)

-3 порции протеини: риба, пилешко, јајца, посно говедско месо

-2 порции моно и полинезаситени масти (авокадо, ореви)

-1 порција млеко од соја или бадем

Придобивките од оваа диета

Главните предности на пеганската диета се нискиот внес на шеќер, голема количина на диетални влакна, како и неконзумирање производи кои содржат пестициди, антибиотици и хормони.

Експертите се согласуваат дека ако веганството и палео исхраната сѐ уште се критикуваат за можни лоши последици по здравјето, пеганизмот го нема тој проблем, бидејќи не исклучува ниту еден вид храна. Станува збор за диета која во суштина многу потсетува на типична медитеранска диета, во која приоритет е ставен на консумацијата на свежо овошје и зеленчук, како и локални млечни и животински производи.

Како пеганизмот влијае на слабеењето?

Бидејќи овој тип на хранење во голема мера го намалува внесот на индустриски шеќер, преработена и пржена храна, губењето на тежината е загарантирано. Големата предност на оваа диета во однос на другите рестриктивни начини на исхрана е тоа што создава здрав однос со храната, така што никогаш нема да чувствувате глад додека јадете според упатствата на пеганизмот, а во исто време ќе изгубите килограми.