Жените полудеа по овој италијански заводник: За него велат дека е најубавиот маж во светот (ФОТО)

Италијанскиот актер Мичел Мороне, кого го гледавме во 2020 година во еротската љубовн драма „365 дена“, е познат како вистински фраер.

Згодниот актер сега повторно мамеше женски воздишки чекорејќи по црвениот тепих на првиот филмски фестивал во Саудиска Арабија.
Тој изгледаше совршено во елегантен црн костум со пруги потпишан од брендот Dolce & Gabbana.

Мороне го комплетираше костумот со ноншалантно откопчана бела кошула и црни елегантни чевли.


„Крал“, „Господ“, „Најубавиот маж“, „Ти си витински дијамант“, беа само дел од коментарите на жените ширум светот.

фото:инстаграм