Жените се опседнати со „теоријата црвени нокти“ и тврдат дека загарантирано делува: Еве зошто 50 милиони жени го следат овој тренд
Ако им се верува на бројните корисници на TikTok, жените треба да размислат за почесто лакирање на ноктите во црвена боја. Теоријата за црвени нокти, која е се попопуларна идеја на оваа платформа, зборува за тоа како црвените нокти се неодоливи за мажите, а многу кориснички известуваат дека го пробале трендот и потврдуваат дека делува.
„Теоријата за црвените нокти е толку вистинита!“, тврди Тиктокерката Мелиса Мартине во едно видео и вели: „Никогаш не сум добила толку многу комплименти како што имав во последните две или три недели откако се лакирам во црвено“.
Мелиса не е единствената. Во една неодамнешна објава, корисничката Британи Ен сподели дека нејзините црвени нокти и помогнале да го најде сегашниот партнер. „Само да ве известам, теоријата за црвени нокти функционираше“, рече таа, држејќи ги црвените нокти до камерата и додаде: „Сега имам момче“.
@brittany_annc go get those red nails! #rednailtheory #rednails #nailscheck #rednailstheory #theorytest #rednailscheck #rednailtheoryisreal #boyfriendcheck Miss You (Sped Up Version) - _
Друга девојка сподели дека првпат дознала за моќта на црвените нокти кога работела за брендот Луј Витон.
„Не ни дозволуваа да имаме француски нокти, можевме само да ги лакираме ноктите во црвено“, се сеќава таа, согласувајќи се со другите девојки на интернет дека „црвените нокти ги привлекуваат мажите“.
На оваа тема проговори маникирката Трена која рече дека црвената е моќна боја и за жените на работното место: „Девојките кои избираат црвено знаат колку е моќна. На пример, имав клиентка која доаѓаше на секои две недели за гел лак на нокти -секогаш светло црвен. Таа заработува 200 милиони долари годишно."
@lovetrenna As a nail tech I’d say YES to Red Nail Theory
original sound - Trenna| Nail Artist
Сега сите споделуваат снимки од себе како ги покажува своите свежо обоени црвени нокти за да покажат дека имаат намера да ја тестираат теоријата. Хаштагот #rednailtheory има повеќе од 52,9 милиони прегледи на TikTok и иако има голем број неодамнешни видеа на оваа тема, тој е во тренд речиси една година.
@lightslacquer testing the red nail theory#nails #nailpolish #nailinspo #nailsoftiktok #nailart #nailtutorial #diynails #diymanicure #naturalnails #nailsathome #rednails #rednailtheory weak speed - love?
Трендот TikTok докажа дека има многу анегдоти кои навистина укажуваат на тоа дека мажите ги привлекува црвената боја, но и науката ја поддржува оваа теорија.
„Црвената боја ги тера мажите да ги сметаат жените попривлечни и сексуално пожелни“, напишаа психолозите Ендрју Елиот и Даниела Ниста во нивната студија „Романтична црвена: Црвената ја засилува машката привлечност кон жените“, е објавено во Журналот за личност и социјална психологија во 2008 година пренесува „Индекс.хр“.
„Изгледа дека мажите не се свесни за овој ефект на црвената боја, а црвеното не влијае на перцепцијата на жените за привлечноста на другите жени, ниту на перцепцијата на мажите за општата допадливост, пријателство или интелигенција на жените“, додаваат овие автори.
извор:zenablicДијана ги има најдолгите нокти на светот: Не ги исекла 25 години, причината ќе ви го скрши срцето