Жените во овие пет знаци знаат најсилно да сакаат

Добивај вести на Viber

Овен 

Жената родена во знакот Овен е толку желна за страст што е во состојба да заборави на секој ризик во љубовта, а тој главно е во тоа што на крај завршува давајќи многу повеќе отколку што добива. Таа не размислува престрого, туку се предава целосно во односот, бидејќи добро се чувствува само кога чувствува длабоко и силно. Подготвена е да се труди и дава сѐ од себе за да функционира односот, но тоа често резултира со тоа таа да биде единствена ангажирана во врската-таа планира, таа организира, реализира…Со неа на партнерот му е удобно и комотно, но тоа го прави мрзелив и статичен, или му дава простор да биде прилично безобѕирен и себичен–таа и така се ќе направи сама. Жените Овен често завршуваат сами и осамени во врската, прашувајќи се што не е во ред. Но колку и да се страсни и посветени, толку се и неизвесни и полни со самодоверба и самопочит и нема долго да трпат лош третман. Ќе ја завршат врската во која не се вреднувани, иако тоа ќе им го скрши срцето. 

Близнаци 

Близнаците сакаат возбудување и предизвик кој нуди влез во нова врска. Возбудување поради новиот партнер донесува трема, нервоза и страв, но жената родена во знакот на Близнаци чувствува толку силна привлечност, што е во ситуација да ја надмине својата непријатност и страв и да настапи целосно искрено и отворено со своите чувства. Во почетокот, таа ќе трепери и лета околу својот партнер и ќе биде малку напорна во желбата да му погоди, излезе пресрет, прочита мисли. Нејзините чувства се интензивни и таа пронаоѓа илјада начини да ги изрази и со својата топлина да ги објавува на партнерот, но нејзините врски не се трајни. Кога помине фасцинацијата, некој друг ќе ја привлече и таа ќе се затекне себе заљубена во љубовно возбудување и нова можност од почеток да го искуси адреналинот во новата врска. Тешко и е да се обврзува и оствари долга и стабилна врска, но секогаш се предава со ист жар и интензитет. 

Вага 

 Како никој, Вагата умее да сака на сопствена штета. Длабочината на нејзината лојалност ја наведува да го става партнерот пред себе и да го прави она што е најдобро за него, иако воопшто не е добро за неа самата. Таа никогаш не се кара и судира, секогаш наоѓа компромис и бескрајно е толерантна и посветена. Се однесува согласно своите емоции, но затоа е многу отворена и ранлива и често и се случува да биде повредена, бидејќи партнерот не и возвраќа со иста чувствителност и отвореност. Вагата го гледа најдоброто во луѓето, лесно се занесува и својата љубов ја воздига до обожавање, ризикувајќи да биде погрешно сфатена и повредена, давајќи го најдоброто од себе на несоодветниот партнер. 

Стрелец 

 Жената Стрелец е дрска и одважна во своите односи, таа настапува како да предводи војска во војна, но нејзината љубов е толку силна и освојувачка, да нема полесен начин да ја изрази и реализира. Во таа борба, таа е подготвена да настрада и не и е важно, неа ја води страста и не ја интересира што ќе биде после, ниту сака да калкулира како не би го испукала своето оружје и како врската би и траела подолго. Само одважен партнер нема да се исплаши од тој поход на неговото срце, разум и битие. А таа таков и бара и не се жали на повреди и болка во таа потрага, бидејќи е подобро да сака и изгуби отколку да не сака воопшто.

Риби 

 Жената родена во знакот на Риби не калкулира со своите емоции, се однесува раководена од своите чувства, не игра никакви игри и воопшто не се обидува да се заштити за да не биде повредена. Кога сака, таа целосно му верува на партнерот, отворена е кон него и не се плаши да биде ранлива. Таа брзо препознава љубов, лесно и се препушта и повеќе од се ги цени емотивно искрените односи. Има доверлива природа и брзо го спушта штитот, но таа го разбира ризикот бидејќи веќе искусила љубовна болка. Сепак, таа е сигурна дека за љубовта вреди тој ризик.