Здравје // Совети
Жените во Шуто Оризари по десет месеци ќе добијат гинеколог: Кој лекар ќе се грижи за нивното здравје
Првиот човек на здравството во земјава, Венко Филипче преку својот фејсбук профил соопшти убава вест. Конечно, односно по десет месеци е решен големиот и горчлив проблем, со кои се соочуваа жените од општина Шуто Оризари. По скоро година дена, пациентките од оваа општина ќе добијат гинеколог.
„Гинекологот Д-р Божидар Бошковски ќе се грижи за нивното здравје и ќе им биде на располагање на сите пациентки од оваа општина. Најважното е тоа што пациентките ќе можат навремено да ги извршуваат своите гинеколошки прегледи. Продолжуваме и понатаму да водиме грижа и вистинска здравствена политика за сите пациенти“, напиша министерот.
Фото: Фејсбук
Можеби ќе ве интересира: