Жено, ти си инспирација за сите нас!

Добивај вести на Viber

Влегувам во козметичкото студио каде имав закажано шминка и гледам жена, различна од онаа што ја знам. Жена на која животот ѝ бил толку неправеден, но и жена борец. Ме погледна и она мене со доза непријатност, најверојатно бидејќи се немаме видено две години. Имав слушнато дека има преживеано рак на дојка, но немав идеја што се случува сега. Дали ракот повторно се вратил? Имам безброј прашања во глава, а не се осудувам да прашам. Го погледнувам телефонот и размислувам за моите дневна доза проблеми. Колку се тие неспоредливи и незначајни со проблемите што ги има она.

Почнувам разговор за жените што ги запознав на Forbes Women самитот на жени, сакајќи некако да се вклопам, па велам дека скоро сите имале тежок живот, кои како имигранти, кои од општеството, но секој има сторија. Раскажувам за романката Анастасија и како го започнала брендот во Лос Анџелес додека работела во козметички салони, но сфаќам дека незначајна е приказната. Сакав да ја слушнам нејзината, таа беше мојата инспирација.

Таа е најверојатно еден од најдобрите мејкап артисти што ги познавам, со успешен козметички салон, каде ред се чекаше да се закаже. Со добар сопруг и син, и навидум убав живот како што можете да помислите.

„Се беше супер се додека не добив рак. На почетокот е се' во ред, поддршка и се', но никој маж не сака да биде до болна жена. И на семинарите на кои се среќаваме како жени кои се болни од рак, сите истото искуство го делат. Набрзо си фати друга жена. Го земав синот, оставив се' и си отидов. Без ништо, ќе почнам од нула. Се' беше во ред, изградив нов салон повторно. И дознав дека имам тумор. А колку ќе ме спасеше да еден од докторите ми кажеше да направам магнетна. Но, ова е Македонија, тука никој не се грижи за тебе. И оние добри доктори што беа си заминаа за Германија. Немав пари за операција, но во тој момент сфатив колку сум богата. Моите пријатели што беа со мене за време на ракот, за време на разводот, не ме оставија ни сега“.

Мојата инспирација го излечи туморот, и повторно се врати на работа. Куца на едната нога и едната рака ѝ е парализирана. Се' уште е најдобриот мејкап артист што јас го познавам.

* Аријана Коскарова е ко-основач на Creative Hub и Forbes Under 30 Europe 2019