ЖЕНСКА ПЕРСПЕКТИВА: Корисни совети за реновирање на стан
Жените и мажите имаат еднаква иницијатива
Некогаш воспоставената поделба на работните места и задачите меѓу половите, во денешно време е застарена и надмината. Веќе не е коректно да се каже дека организацијата на градежните работи ја преземаат само мажите, бидејќи реалната состојба е сосема поинаква - жените се тие кои се повеќе иницираат реновирање и промени во куќата и преземаат иницијатива за потребните поправки.
При планирањето и извршувањето на градежните работи, повеќето од предизвиците со кои се соочувате се исти без разлика дали сте маж или жена. На пример, и мажите и жените секогаш можат да наидат на несигурни изведувачи кои својата работа ја извршуваат под стандардите за квалитет и не ги почитуваат договорените рокови, но затоа знаат да наплатат цело богатство.
Во што жените сè уште гледаат нерамноправност
Сепак, постои и една значајна разлика помеѓу маж и жена како нарачател на проект за реновирање стан. Жените често се соочуваат со туѓи предрасуди дека нема да можат да ги надгледуваат градежните работи или дека нема да можат да влијаат на работниците, кои практично секогаш се мажи. Имено, постои старо, добро воспоставено мислење дека градежниците и занаетчиите повеќе сакаат да добиваат задачи од друг маж, од „газдата“, отколку од жена. Токму поради ваквите предрасуди, многу „домаќинки“ се плашат дека мајсторите нема да сакаат да го спроведат нивниот договор во однос на работите, роковите или цената. Ова сценарио создава дополнителен стрес за жените во инаку тешкиот потфат на изградба и реновирање.
За да го избегнеме сето ова, а пред се непотребните компликации и стресови, ви подготвивме корисни упатства за тоа како една жена денес може успешно да преуреди простор за живеење, да најде изведувачи и да организира градежни работи.
Денес, со своето искуство и ентузијазам во реновирањето на домовите, жените ги рушат воспоставените родови стереотипи, а во тоа им помага Daibau.mk
Во денешно време жените, со своето искуство и ентузијазам при реновирање на домот, ги рушат востановените родови стереотипи, а Daibau.mk им помага во тоа
Погрешни чекори во потрагата по проверени мајстори
Кога започнувате со преуредување на домот, првото и клучно прашање е како и каде да најдете сигурни, квалитетни и вешти мајстори, по разумна цена.
За да ги избегнат гореспоменатите предрасуди, модерните жени најчесто ја започнуваат потрагата по докажани мајстори со барање препораки од пријатели и пребарување на интернет. Се разбира, многу мал број пријатели неодамна имале ист тип на градежни работи што вие ги планирате, така што нивната препорака во пракса е нај неефективен начин да се добие понуда од мајстор.
Најбогатиот избор на потенцијални изведувачи може да се најде на интернет, но таму ќе наидете на шума од непроверени информации расфрлани по реклами, форуми и несигурни сајтови, па не знаете ни од каде да започнете со правење потесен список на кандидати.
Најдобар начин да најдете мајстори од доверба
За среќа, онлајн пребарувањето за докажани мајстори секогаш ќе ве води до градежниот портал Daibau.mk – каде што половина од корисниците се жени. Daibau.mk е онлајн платформа позната по својата база од над 1.400 градежни изведувачи и даватели на занаетчиски услуги од широк спектар на области: од бојадисување, инсталирање климатизери и замена на столарија, до посложени работи како што се доградби, реновирање, бетонирање, инсталација на електрични инсталации, или пејзажна архитектура.
Сепак, она што ја прави оваа платформа навистина посебна е тоа што Daibau прави скратен список на проверени професионалци за вас, од кои вие го избирате оној што најмногу ви одговара, врз основа на нивната понуда на услови и цена. И, што е најважно, за секој од проверените градежни професионалци чии понуди ги добивате, можете да го видите рејтингот и препораките што другите корисници веќе ги напишале за нивното искуство при соработката со него.
По завршувањето на работата, клиентите оставаат оценки и коментари на порталот Daibau.mk за сите изведувачи, што гарантира транспарентност, чесност и висококвалитетно спроведување на проектите
На овој начин платформата Daibau.mk ја игра улогата на ваш личен консултант со чија помош можете да го изберете најдобриот и најсоодветен мајстор за работата што ви треба. Во исто време, целата процедура е многу едноставна. На веб-страницата доволно е да го внесете описот, местото и времето на работите што ги планирате. Претставниците на порталот ќе го разгледаат вашето барање и ќе побараат појаснување доколку е потребно, а потоа ќе ги информираат компаниите и мајсторите кои одговараат на вашите барања за да можат да ви ги испратат своите понуди.
Изберете мајстор кој има повеќе добри препораки
Овде следи клучна предност која секому му овозможува со сигурност да го избере вистинскиот од понудената листа на занаетчии: по завршената работа, сите клиенти на порталот ги оставаат своите оценки и коментари за сите изведувачи со кои работеле. На порталот брзо ќе најдете и изберете изведувачи кои имаат одлични оценки, препораки и референци и чии претходни клиенти биле толку задоволни што можете со чиста совест да им го препуштите реновирањето на вашиот дом.
Еден пример за искрен коментар за настапот на работниците остави скопјанката Ивана М.: „Првиот впечаток ми се стручноста и љубезноста! Тие предложија подолг рок за извршување на работите, со што се согласив бидејќи во другите коментари видов дека квалитетот им е приоритет. Се беше направено во договор со мене, и задоволен сум од тоа колку педантно ја одработија работата“.
Овој вид систем гарантира транспарентност, искреност и висококвалитетна имплементација, бидејќи изведувачите треба да вложат дополнителен напор доколку сакаат да бидат оценети добро од клиентите на порталот. Лошиот рејтинг и негативните коментари за изведувачот значат лоша репутација и помал број на идни клиенти, што, се разбира, никој не го сака. Бидејќи просечната оцена на изведувачот се базира на искуството на неколку корисници на порталот, има поголеми шанси сликата за нивните реални перформанси, квалитет и доверливост да биде реална и непристрасна. Затоа таквата проценка и препорака се многу попрецизни од, да речеме, еднократното искуство на пријателка која препорачува мајстор со кој работела. Можеби вашата познаничка имала среќа кога го ангажирала, а ниту таа, ниту вие не ја знаат реалната слика дека повеќето други клиенти воопшто не се задоволни од неговата професионалност.
Денес, жените почесто од мажите започнуваат со реновирање на домот
Рецепт за успешно реновирање на домот
Најдобро е да го започнете вашиот проект со онлајн калкулатор за да ги проверите приближните трошоци за работите. Калкулаторот на веб-страницата Daibau.mk ќе ви го покаже опсегот од ниски до високи цени за типични работи, што значително ќе ви помогне да управувате со финансиите и да преговарате со изведувачите.
Потоа, во списанието на сајтот побарајте детални прикази со стручни совети за најчестите работи при реновирање и градба. Овие практични водичи, создадени од експерти за архитектура, градежништво и занаетчиство, ќе ви помогнат да ги расчистите клучните сомнежи и да знаете што да очекувате пред да започнете конкретни договори со мајсторите околу начинот на соработката.
И секако - откако изведувачите ќе ја завршат работата што сте ја договориле, секогаш оставете ја вашата оценка на Daibau.mk за сработеното и коментар за односот на работниците кон вас. Со тоа ќе им помогнете на другите да го направат најдобриот можен избор за спроведување на нивните проекти.
Без разлика на тоа колку тежок изгледа потфатот за реновирање на станот, клучот за успехот е секогаш во вас: во вашата визија за тоа како сакате да изгледа вашиот дом и во чекорите што ги преземате за да го завршите вашиот голем проект со лична победа. А најважниот чекор е изборот на одговорни соработници кои ќе ве поддржат во тој успех – без разлика дали сте жена или маж.
*пр-објава