Женските полови хормони спас за мажи заболени од КОВИД-19?
Дека Ковид-19 е по катастрофален за мажите отколку за жените, покажaa статистиките од голем број на земји. Зошто е тоа така, не се знае точно, но познато е дека естрогените (женски полови хормони) ги штитат жените.
За да го тестираат ефектот на женските полови хормони во борбата против Ковид-19, научниците започнаа две клинички испитувања во САД во кои на заболените мажи ќе им бидат дадени женски хормони на одредено време.
Така, минатата недела, лекарите од Лонг Ајленд, Њујорк, започнаа да лекуваат пациенти со естроген, а оваа недела лекарите во Лос Анџелес ќе започнат да им дават на машките пациенти женски хормон прогестерон, кој има антиинфламаторни својства и потенцијално може да спречи несакани реакции на имунолошкиот систем.
„Постои впечатлива разлика помеѓу бројот на мажи и жени во одделите за интензивна нега, а мажите појавуваат и потешки симптоми“, изјави д-р Сара Гандехари за Њујорк Тајмс, таа е пулмонолог и лекар за интензивна нега во Седар-Синај во Лос Анџелес, води клиничко испитување за да ја тестира ефикасноста на прогестеронот. Таа додаде дека мажите сочинуваат 75 проценти од пациенти на респиратори во единицата за интензивна нега во нејзината болница.
- Интересно е што бремените жени, кои обично се ранлива група, но имаат високи нивоа на естроген и прогестерон, имаат тенденција да развиваат поблаго заболување, благ курс на заболување. Значи, нешто е заштитно во бременоста, затоа размислуваме за женски хормони - рече д-р. Гандехари. Прелиминарните резултати од клиничките испитувања ќе бидат познати за неколку месеци.
извор: jutarnji