Живеат живот од бајка, но и богатите плачат: Децата на Драгана Мирковиќ избраа страна-еве каде ќе живеат
Децата на Драгана Мирковиќ имаат свои желби
Пејачката Драгана Мирковиќ многу често зборува за семејството, кариерата и децата, а претходно се навраќаше на годините што останале зад неа. Таа многу емотивно проговори за заминувањето на една од претходните години и откри за што се обвинува себеси... Во таа приказна се и децата на Драгана Мирковиќ...
Децата на Драгана Мирковиќ никогаш немале посебни желби, но нивната мајка ја почитува секоја нивна одлука.
-Имаше убави моменти, но како и сите други не беше баш најсветлата. Би сакала да ја заборавам и се надевам дека 2022 година ќе биде многу подобра за нас без сето ова да се случи. Кога станува збор за мојата кариера, сè беше совршено, имав прекрасни турнеи и многу сум среќна. И во приватниот живот се беше совршено, децата се одлични ученици и се е како што треба – изјави претходно Драгана за „Ало“.
Балканската ѕвезда на поп-фолк музиката на Балканот во специјално интервју откри дека нејзината најголема мана е искреноста.
- Многу пати ме чинеше, но не се откажувам. Секогаш ќе бидам искрена, особено со медиумите, но и со сите други луѓе во мојот живот. Не сакам да се менувам, а мислам дека треба да бидам сакана таква каква што сум и заслужувам да ме сакаат, меѓу другото, и поради таа искреност - признала пејачката.
Исто така, изјавила дека често плаче и дека злонамерните лаги многу ја повредуваат.
- Често плачам. Лагите ме доведуваат до солзи, особено најлошите, злонамерни лаги. Секогаш се прашувам што направив за да ги предизвикам и заслужам, можеби изгледам детско и наивно, но без разлика и покрај сите, сепак не сакам да се променам - вели Драгана.
- Моите деца се родени во Австрија и таму го поминаа целиот свој живот. Марко и Мануела не сакаат да се експонираат, а јас ја почитувам нивната желба. Двајцата студираат во странство и сите нивни пријатели се таму. Сепак, тие многу ја сакаат Србија - изјавила Драгана за споменатиот медиум.
Драгана не ги спречува нејзините деца да дојдат во Србија, но секако ги почитува нивните одлуки, а тие и возвраќаат на неизмерната почит...