Живејте здраво со водечката компанија за здрава храна Herbalife Nutrition

Добивај вести на Viber

Во очи јубилејниот 40-ти роденден, светската, водечка компанија за здрава храна Herbalife Nutrition организираше 2 свечени настани во хотелот Мериот. Дневниот настан кој беше отворен за новинарите беше посветен на темите: здравиот начин на живот во денешното брзо време, како и на глобалната иницијатива Nutrition for Zero Hunger. Водител на овој едукативен настан беше почитуваната Билјана Дебарлијева, а во рамките на настанот како гости предавачи свое излагање имаа новиот директорот на Herbalife Nutrition одговорен за регионот на Југоисточна Европа, г. Горан Николиќ и др. Јонатан Јаром, спортски лекар и медицински директор на Медикс - Центарот за спортска медицина во рамките на олимпискиот комплекс во Тел Авив. 

Горан Николиќ зборуваше за начелата на компанијата, како и за нејзината мисија и визија во исхраната.

За недостатокот од правилна исхрана, болестите на модерното време, дебелината и проблемите што ги носи со себе, зборуваше др. Јаром. Покрај проблемот со зголемена телесна тежина, како и проблемите што ги носи со себе, доктор Јаром зборуваше и ја презентираше спортската линија производи Herbalife 24.

Завршен збор како гостин-предавач имаше г. Николиќ, кој што потсети на општествената одговорност на компанијата и зборуваше за глобалната кампања Nutriton for Zero Hunger.

Со помош на љубезниот персонал од хотел Мериот, како и на бендот New Indigo, после едукативниот дел следеше забавен дел и коктел од здрави напитоци и здрава храна. 

На вечерниот настан насловен како Open Day со доктор Јонатан Јаром, член на советодавниот одбор на Herbalife Nutrition, кој беше во организација на независните членови на Herbalife Nutrition Северна Македонија, присуствуваа голем број учесници, меѓу кои и познати личности. Вечерната програма ја водеа шармантните Кармен Михајлоска и Бранислав Калеовски. 

Доктор Јонатан Јаром имаше подолго излагање за здравјето, освртувајќи се на позитивниот бенефит на производите на Herbalife Nutrition врз човечкиот организам, зборуваше и за тоа како можеме да му помогнеме на нашиот организам да се избори со стресот, падот на енергија и слични проблеми во текот на денот, како и на кој начин да си го трансформираме телото и да му помогнеме да функционира подобро. Бевме сведоци и на физичките трансформации кај дел од присутните гости кои ги користат производите на Herbalife Nutrition и ги чувме нивните позитивни искуства. 

Во текот на вечерта гостите уживаа во дегустацијата на добропознатите шејкови на Herbalife Nutrition, придружувана со музика во живо изведена од страна на DJ Катерина Чедомирски и Љупчо Чедомирски Sax, како и во наградната игра.