Животен пресврт за еден хороскопски знак: 5 датуми во октомври на кои треба да обрнете внимание
Ретроградната активност на неколку планети конечно стивнува по неколку месеци, а Вагата ни носи рамнотежа. Сепак, небото нема да биде мирно бидејќи во октомври не очекуваат важни транзити...
Астролошкиот месец октомври започнува со шармантната енергија на владеењето на Вагата, која ги инспирира сите да ја прифатат социјалната страна на својата личност и да ги зајакнат врските со другите.
Само така ќе ги решите конфликтите кои го нарушуваат внатрешниот мир. Како што ќе тече месецот, така ќе се зголемува интензитетот на оваа енергија, а во октомври не чекаат неколку важни астролошки настани.
4 октомври – Меркур влегува во Вага
Во првите недели од октомври ќе преовладува рамнотежата на сезоната на Вага и ќе бидат нагласени партнерствата, хармонијата и пронаоѓањето убавина и симетрија.
По завршувањето на својот ретрограден курс на 15 септември, Меркур продолжува понатаму да напредува на полето на Вага
Моќта на овој хороскопски знак ќе биде особено силна од 4 октомври, кога Меркур ќе се придружи на сонцето во овој знак, што ќе помогне да се израмнат некои проблеми во односите, да се измерат добрите и лошите страни на некои одлуки што треба да ги донесете и успешно да се балансира.
9 октомври – Венера влегува во Девица
Венера од 5-ти јуни е во живиот знак Лав, што е невообичаено долг престој за планетата на љубовта, а сега е време таа да се пресели и да влезе во Девица. Ќе ни донесе заземјување, практичност и многу едноставност во односите!
Наместо блескави прикази на наклонетост и подароци, ќе ги имаме суштинските знаци на љубовта, што тоа навистина значи.
11 октомври – Марс во Шкорпија
Црвената планета се чувствува особено моќно во длабоките мистериозни бранови на воден знак Шкорпија и може да очекувате вашето либидо да биде поизразено, да бидете поостри кога станува збор за донесување одлука и можеби ќе почувствувате поголема жед за моќ.
14 октомври - затемнување на Месечината
Сонцето и Месечината ќе се усогласат во Вага, формирајќи интензивно, но многу лековито затемнување на Нова Месечина. Тоа означува нов почеток и бара од нас да прифатиме дека некои работи завршуваат, а вие сепак ќе се чувствувате ослободени.
23 октомври – Сонцето влегува во Шкорпија
Од 23 октомври, на Марс ќе му се придружи сонцето во Шкорпија, што значи дека емоционалниот интензитет ќе биде во прв план и може да не инспирира да копаме подлабоко под површината за да се соочиме со нашите стравови.
Трансформацијата бара храброст, а енергијата на Шкорпијата секако го обезбедува тоа!
Извор: glossy.rs