ЖИВОТОТ Е ЗА ЗАБАВА: Нов и модерен е-шопинг со јапонскиот шмек на МИНИСО
Разноликоста и диверзитетот на брендовите, како во светот, така и во земјата, со секоја измината година, стануваат сè поголеми, а со истото конкуренцијата во различни сегменети паралелно се зголемува, а воедно и шарената палета на различни понуди и производи.
Пред почетокот на пандемијата, е-шопингот од страна на македонскиот просечен потрошувач беше најмногу перцепиран генерално како вид на купување, којшто можеби не е доволно безбеден, веродостоен и непроверен, со постоење на големо ниво на доверба само во традиционалниот начин на купување - во физичка продавница.
Но, брзиот начин на живеење, пост-пандемичниот период и новите сфаќања, навики, развојот на технологијата, како и појавувањето на новите очекувања на потрошувачите, а најмногу на помладите генерации, креираа нова реалност каде што модерниот животен стил го охрабри денешниот потрошувач од скоро сите генерации да ја додели својата доверба на онлајн купувањето, како и реалност во која е-шопингот е сè почест начин на купување и новото нормално.
Онлајн продавницата на МИНИСО Македонија, вклучува големи придобивки за сите регистрирани корисници, како бесплатна достава за нарачки над 3.000 денари, онлајн поддршка 24/7, безбеден систем при плаќање, како и 100% поврат на средства односно до 15 дена враќање на пратка.
„Со овој потег на онлајн трансформација, МИНИСО како бренд инспириран од јапонската мода и стил, полека, и официјално се префрла во светот на онлајн шопингот, каде што се овозможува шансата било кој од било каде и во било кое време да може да го нарача својот следен подарок за најблиските пријатели и семејство, својот нов омилен гаџет или нов украс за својот дом. Големиот избор од над 8.000 производи, од кои дел се специјални линии на соработка, меѓу Минисо и глобални бренд имиња и франшизи како Марвел и Дизни, креира еден посебен свет од лајфстајл производи за сите вкусови и возрасти,“ изјави Кристина Маркоски Зимбакова, генерален директор на МИНИСО Македонија.
Македонската пејачка Лара Иванова на почетокот на годинава преку заедничка соработка со овој бренд, во јавноста беше претставена како бренд амбасадор на Минисо Онлајн и во претстојниот период Минисо и Лара најавуваат голем број на нови изненадувања.
Официјалната македонска веб продавница на МИНИСО е веќа активна и достапна за сите заинтересирани љубители на уникатни и интересни лајфстајл подароци, аксесоари, украси и гаџети, како и на брзиот и практичен начин на живеење – minisomacedonia.com.mk.
МИНИСО, - затоа што животот е за забава.