„Знаеше со кого се жени, што очекуваше тој“: Мајката на Џенифер Лопез не сака да слушне за нејзиниот наскоро поранешен зет - Од почеток се сомневала во нивната врска

Добивај вести на Viber

Мајката на Џенифер Лопез не сака да слушне за нејзиниот наскоро поранешен зет Бен Афлек, тврдат извори блиски до семејството на латино дивата.

Гвадалупе Родригез (77), мајката на Џенифер Лопез, музичката ѕвезда која во моментов ја тресе планетата со разводот, е разочарана од Бен Афлек, додека од друга страна и дава безрезервна поддршка на својата ќерка.

„Гвадалупе е мудра жена со богато искуство, претчувствуваше дека приказната со Бен нема да има среќен крај“, откриваат упатени блиски до семејството.

„Афлек многу добро знаеше која е Џеј Ло. Се ожени со суперѕвезда, а не со продавачка од локалниот пазар. Лудост е да се очекува приватност во ваква приказна. Гвадалупе е многу разочарана, а нејзината ќерка е голема поддршка во овие деликатни и чувствителни моменти“, додаде изворот.

„Таа никогаш не беше ентузијастична за Бен, го почитуваше изборот на нејзината ќерка, ја поддржуваше, но имаше свое мислење. На крајот се испостави дека чувството не ја измамило. Таа повеќе не сака да слуша за него и само се надева дека оваа лоша епизода нема да има последици за Џенифер“, пренесува инсајдер за американските медиуми.

Џенифер Лопез во неколку наврати потенцираше колку и значи поддршката од семејството, особено од нејзината мајка. Се сеќаваме и на трогателната порака што и ја посвети на Инстаграм.

„Луѓето често ме прашуваат од каде ја добивам оваа енергија, како возам, како танцувам. Па, знаете, Гвадалупе, мајка ми е... Од кога се сеќавам на неа, таа секогаш танцуваше, се смееше и ја расположуваше секоја просторија во која ќр се најде. Таа е дефиниција за младост. Отсекогаш сакала музика и филмови, а верувала и во вистинска љубов. Сето тоа го наследив од неа. И поради тоа и јас сум подобра“, напишала Џенифер и открила дека станала се она што е, затоа што цврсто верувала нејзината мајка.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: Zena.blic.rs