Здравје // Совети
Знаете ли кој е рецептот за убаво тело на Адријана Лима?
Манекенката Адријана Лима важи за една од најсексапилните жени во светот поради нејзиното убаво тело.
Tаа редовно вежба, но вели и дека многу внимава на својата исхрана.
Лима вели дека за одржување на витката линија најважен оброк е појадокот и дека пронашла совршен напиток со помош на кој има доволно енергија за целиот ден. Комбинацијата од хранливите состојки во ова смути го забрзуваат метаболизмот и даваат чувство на ситост.
Во продолжение рецептот од едноставниот, но хранлив напиток.
Состојки:
– 1 шолја вода
-1/2 авокадо
-лажица мед
Во блендер ставете ја водата, а потоа додадете го авокадото. По неколку минути блендирање додајте мед онолку колку што сакате. Ова добро измешајте го и вашиот напиток е готов.