Знаев дека сум во предворјето на пеколот, блиску до точката од каде нема враќање назад: Ковид исповед за цитокинска бура на млад скопјанец
Знаев што ми се случува. Знаев дека сум во предворјето на пеколот, блиску до точката од каде нема враќање назад и дека класична цитокинска бура значи себеуништување! Јас би ја рекол цунами, а не бура, бидејќи исто како што цунамито остава пустош, така таа остави пустош во организмот. Ова дел од исповед на младиот Ненад Алексиќ за голготата која ја поминал со коронавирусот. Тој има само 29 години и на почетокот откако бил заразен се било в ред, но работите не останале така.
„Според многумина најопасната индикација која може да му се случи на лице заболено од Ковид-19, и за среќа не толку честа, ме снајде мене. Едно е кога истражуваш за тоа колку ретко се случува цитокинска криза и дека се случува поради енормно силен имун одговор на пациентот (каква иронија, мојата „младост“, силен организам и имунитет, работеа против мене), а друго е кога ќе доживееш такво нешто. Таа вечер, 23 август, ја водев до сега најтешката борба во мојот живот. И знаете што беше најтешко од сè?Знаев што ми се случува!Знаев дека сум во предворјето на пеколот,блиску до точката од каде нема враќање назад и дека класична цитокинска бура значи себеуништување!
Повеќе прочитајте на Фактор.мк