Жолт пролетен еликсир: Отстранува црни мисли и враќа во живот
Ја возобновува буквално секоја клетка во организмот
Куркумата е неизбежна во индиската кујна, но ако не подготвувате индиска храна секој ден, можеби се прашувате како да го вклучите овој совршен зачин во вашата исхрана. Најдобро е да го правите ова преку вакви пијалаци.
Овој утрински пролетен еликсир е всушност топла вода со додавање на лимон и куркума, а ви се потребни и следниве состојки:
-1 чаша топла (не жешка) вода, исто така можете да користите чаша топло млеко по ваш избор (бадем, соја или кравјо млеко)
-1/4 лажиче куркума
-сок од 1/2 лимон
-прстофат цимет (по избор)
-1/8 лажиче мед или сируп од агава
-1 лажичка кокосово масло.
Начин на подготовка:
Откако ќе ја загреете водата, додадете куркума, сок од лимон и мед, лажичка кокосово масло и добро измешајте.
Куркумата ќе се смести на дното на чашата, затоа продолжете да ја мешате водата додека пиете и така ќе ја консумирате целата куркума. Бидете сигурни дека ја пиете водата додека е сè уште топла.
Додавањето куркума во топла вода е евтино, благо по вкус и ефикасно за секој систем во телото.
Лечење на депресија со куркума
Куркуминот, којшто е активна состојка во куркумата, има исто својство како активната состојка во синтетичките лекови за лечење на депресијата.
Луѓето кои патат од депресија имаат повисоко ниво на воспалителни процеси во мозокот. Исто така, имаат и послабо развиена неурогенеза, процес во кој се обновуваат невроните, што значи дека кај овие луѓе се создаваат помал број на нови мозочни клетки од луѓето кои немаат историја на депресија. Куркуминот тука е од исклучителна помош, затоа што е моќен антивоспалителен агенс и силен стимулатор на неурогенезата.
Извор: 24sedam.rs
Можеби ќе ве интересира:
Започнете го денот со вода од краставица: Шест придобивки кои ви се потребни токму сега