Зошто бебињата се мрдаат додека се во стомакот

Добивај вести на Viber

Во текот на бременоста кога првпат ќе почувствувате дека вашето бебе се движи, тоа е момент што никогаш нема да го заборавите.

Новите истражувања покажале зошто бебето се движи во матката. Студијата објавена во списанието „Development“ вели дека бебето се движи бидејќи на тој начин се развиваат коските и зголобовите зглобовите.

Научници во Ирска, ги следеле ембрионите на пилиња и глувци и потврдиле дека движањата во матката ја стимулира „молекуларната интеракција“ која клетките и ткивата на ембрионот ги претвара претвораво функционално ткиво на коски и зглобови.

Научниците откриле дека ако бебето не се движи доволно во матката, може да се роди со кревки коски. Постои ризик од вакво нарушување, бидејќи како и кај возрасните, и кај бебињата е потребно зглобовите да бидат прекриени со лесен слој на 'рскавица за да можат соодветно да се движат.

Движењата на бебето во стомакот е еден од индикаторите дека се е во ред.

Бремените жени првото движење на бебето ќе го почувствуваат меѓу 16тата и 24тата недела од бременоста, а до 32та се повеќе се активни.