Зошто Бен Афлек се обложува на сет, а Никол Кидман одбива да ја соблече кожната јакна?

Добивај вести на Viber

Дали знаете дека на снимањето на Gone Girl, Бен Афлек бил толку импресиониран од вниманието кое режисерот Финчер го посветувал на деталите што решил да го тестира со облог. Што направил? Додека никој не гледал, минимално го намалил објективот на една од камерите и притоа се обложил со член на екипата дека Финчер нема да забележи. Секако, Финчер забележал, а Афлек го загубил облогот.

Афлек, Финчер и Розамунд Пајк креираа вистинско ремек дело. Gone Girl е симбиоза на уметност и забава, трилер и проблем. Толку динамичен филм што прави да се чувствувате небаре гледате пет кратки филмови нанижани заедно, секој преобразен во следниот.

Доколку сте љубители на добра книга со изострен вкус (и еден од вечните критичари кои знаат да кажат „филмот не ја долови приказната“) верувајте нема да бидете разочарани. Напротив, ќе се изненандите бидејќи овој филм е брилијантен пример како треба да се адаптира книга на големото платно. Суштината останува верна на романот, додека истовремено ја провлекува приказната на својот единствен и инвентивен стил.

Бракот навистина бара работа, ќе заклучите по гледањето на овој филм.

Филмот е заснован на вистинската животна приказна на Лејси и Скот Петерсон. Во далечната 2012 на авторката на Gone Girl, Џилијан Флин ѝ беше поставено прашање дали приказната во романот е заснована на некој конкретен случај од реалниот живот, тогаш таа го спомена познатиот случај на исчезнување за кое медиумите долго и детално известувале една деценија претходно.

Имено, бремената Лејси исчезнала, а она што било сомнително бил фактот што нејзиниот сопруг Скот Петерсон делувал невообичаено смирено. На крајот се испоставува дека тој имал љубовница, а аферата не ја прекинал дури ни додека траела потрагата по исчезнатата сопруга. Во вистинската приказна, се дознава дека сопругот ја убил својата сопруга, додека во Gone Girl, пресвртот е исклучително неочекуван.

Доколку ви ја заскокоткавме љубопитноста, резервирајте го 12.02 во 22:40 на FilmBox Premium.

Дали филмот The Human Bureau алудира на политиката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп или можеби не? Оставаме да процените сами, но овој дијалог тешко дека може да биде само коинциденција:

Ноа: „Мамо, зошто би нè заплашувале на тој начин?

Тогаш неговата мајка одговара: „Бидејќи е полесно да изградиш страв, отколку да изградиш ѕид“.

Интересно, зар не?!

Како и да е, ова е првиот научно-фантастичен филм на Николас Кејџ по Knowing од 2009 година. Приказната се одвива во блиска иднина кога глобалното затоплување ќе претвори делови од американскиот Среден запад во пустина. Во обид да ја запре рецесијата, владината агенција наречена The Humanity Bureau, ги прогонува сите членови на општеството кои ги смета за непродуктивни и истите ги протерува во колонија позната како Новиот Еден.

Филмот портретира една дистописка иднина која речиси ги одразува денешните политички, социјални  и еколошки состојби. Фокусот е ставен на длабок наратив и комплексно изградени  ликови, наспроти приказот на дел од природата и светот кој ни овозможува да се опиеме од глетките и звуците.

Резервирајте го 11.02 во 21:00 за The Human Bureau  на Filmbox Stars.

Ако се прашувате како успеваат актерите да се стопат со идентитетот на ликот кој го играат, особено кога станува збор за комплексен и тежок карактер, Никол Кидман од прва рака ќе ви ги реши дилемите:

„Толку многу ја сакав јакната која ја носев во  Destroyer, што истата ја носев и дома. Едноставно одбивав да ја соблечам така што не ја ни переа. Навистина бев претопена со ликот, иако во тој момент не бев свесна за тоа. Многу чудно.“

Destroyer ни доловува една нова димензија на Кидман, која до сега ја немаме видено. Улога во која не очекуваме да ја видиме, а која таа успева да ја пренесе совршено. Она што нè воодушевува кај храбрата Ерин Бел (ликот кој го толкува Кидман) е фактот што не ѝ е грижа што мислат другите за неа, па дури ни дали ќе го преживее случајот на кој работи. Да се долови карактерот на еден ваков лик, носи неверојатна слобода, но истовремено изгледа и прилично страшно.

Destroyer е тежок, возбудлив и комплексен криминален трилер кој ја раскажува приказната за тајна операција на ФБИ која тргнува во ужасно погрешна насока. Не го пропуштајте на 27.02.2022 во 21:00 на FilmBox Extra.

За повеќе новости за FilmBox следете ја Facebook страницата Filmbox Macedonia. FilmBox каналите ви ги овозможува  SPI International, а се достапни на A1 операторот како и на Neotel, Inel Internacional, Viva Net, TRD Kabel, Kanal 16 Ресен, Altra Sat 2000 Охрид, Infel KTV Охрид, Kable Kall Кичево, KDS Kablenet Прилеп и Vinsat Kabel.


ПР објава