Зошто бизнисмените не одат на психолог?

Добивај вести на Viber

Видов вчера на Инстаграм една слика на која пишуваше: „Кога си тажен напиши си љубовно писмо себе си. Кажи си самиот на себе дека се сакаш“. 

Во средата бев гостин на една бизнис конференција на која еден од публиката постави едно неочекувано прашање: „Како се справуваме со депресија?“. Интересно беше прашањето, бидејќи беше поставено од средношколец, а од друга страна контекстот на сите останати прашања беше во сферата на бизнис и економија. Интересна беше и листата на гости, од 20,30 и над 50 годишна возраст и сите ние всушност имавме различен одговор на ова прашање. Одговорите се движеа во насока на слушање мотивациски говори и практикување на спорт, до внатрешна анализа и решавање на проблемот сам со себе. Никој не одговори разговор со психолог.

Ми стана интригантно да истражувам на таа тема „Зошто бизнисмените не одат на психолот кога страдаат од депресија?“. Бидејќи, секој во некој момент од животот страда.

Заклучоците се следните. Изолацијата што самите претприемачи си ја ставаат на себе, бидејќи се презафатени со менаџирање на бизнисот го покрева ризикот од депресија. Но, од друга страна претприемачите работат многу работни саати што „немаат време“ да се грижат за себе. „Времето е пари“ и тоа е она што не' движи.

Но исто така депресијата не доаѓа секогаш во облик на тага. Некогаш е пропратена со проблеми со спиење, промена на телесната тежина.

Начинот на кој претприемачите ја замачкуваат депресијата е со работење долги саати или пак со стрес, што може да предизвика и поголем проблем. Можеби тука лежи проблемот зошто ретко бизнисмените одат на разговор со психолог. Од немање време.

Немаме време за одење на психолог, но имаме за натални карти и астрологија како што еден наш политичар ја водеше државата своевремено. Па, во тој контекст поентирам, со нешто што го прочитав во една колумна за астрологија. Вели вака:

„За да бидете среќни, избегнувајте очекувања, споредби или пак мислења на други. Бидете пример за сите околу Вас!“.

* Аријана Коскарова е ко-основач на Creative Hub и Forbes Under 30 Europe 2019