Зошто е добро да јадете ротквици?
Ротквицата е ниско калоричен зеленчук.
Тие се и природен лек за превенција и лекување на кардиоваскуларните заболувања.
Поради големата содржина на калиум, ротквицата е добар природен диуретик, односно го зголемува исфрлањето на течностите од организмот.
Таа иако е мала, сепак е богата со витамини (посебно со витамин Ц) и минерали (калиум), растителни влакна и фолати. Во 100 грама ротквици има 28 kcal/117 KJ. Носители на калориите се јагленохидратите.
Во минералниот состав на ротквицата доминира калиумот (233 mg), а потоа следат калциумот, натриумот, фосфорот и железото. Од витамините, најзастапени се: витаминот Ц и витамините од Б – групата.
Витаминот Ц од ротквицата помага во стварањето на колагенот, ја зголемува апсорпцијата на железото од цревата, го јакне природниот одбрамбен механизам на телото, го забрзува заздравувањето на раните, учествува во синтезата на невротрансмитерите во мозокот. Витаминот Ц е моќен антиоксиданс, кои ги исфрла од телото канцерогените слободни радикали. Истражувањата кои ги спровел „National Institute on Aging“ докажале дека витаминот Ц го зголемува нивото на „добриот холестерол“ – HDL (липопротеин со голема густина), кој од артериите ги отстранува мастите, па на тој начин го намалува ризикот од атеросклероза и срцев удар.