Зошто е добро да пишувате пред да одите на спиење?
Ако имате емоционален товар од кој со години не можете да се ослободите и тој само се таложи во вашите мисли, треба пред спиење да го запишете тоа што ве мачи, истакнува американскиот психолог Тим Вилсон во својата нова книга „Redirect: Surprising New Science of Psychological Change“.
Методот првпат е разработен од социо-психологот Џеjмс Пенбејкер и се состои во тоа – пред легнување, 15 минути да го запишете на лист она што ви предизвикува негативни емоции.
Луѓето кои имаат најмногу полза од ваквата „терапија“ на почетокот најчесто пишуваат во хаос, но на крајот пронаоѓаат нов наратив, нов начин за опишување на тоа што се случило во минатото. И, веројатно тоа е она што придонесува да се оттргнат од лошите мисли, зашто така почнуваат да го разбираат подобро самиот проблем, сметаат стручните лица.