Зошто е подобро да се биде „татина ќерка“ отколку „мамин син“?
„Жени – не можеш со нив, но не можеш и без нив!“, запиша филозофот, теолог и книжевник Еразмо Ротердамски.
Психијатарот и психоаналитичар Зигмунд Фројд признал: „Големото прашање на кое никој никогаш нема одговрено и на кое ниту јас не сум достоен да го одговорам, без разлика на моето триесетгодишно истражување на женската душа гласи: Што сака жената?“
Припадничките на поубавиот пол отсекогаш биле инспирација за мажите, предизвикувале внимание и ја будела љубопитноста, но сепак се чини дека тие во голема мера остануваат недопирливи. И таинствени. Понекогаш за нив се зборува дека се „посилниот пол“, и ако не е така, на форумите на хумористичен начин најпрво се раскажува приказната зошто е подобро да се биде жена.
Дамите во просек имаат подолг животен век, помалку „тежат“ од мажите, полесно се борат против настинките, уморот и промајата. Додека зборуваат, можат да прават повеќе работи истовремено, а да не го изгубат фокусот од суштината.Мажите нив им отвараат врата, а не обратно. Го имаат ПМСот како изговор за лошото расположение и главоболка.
Женските солзи се во ред, додека машките солзи се сметаат како доказ за слабост. Отсекогаш е било подобро да бидеш „татина ќерка“, отколку „мамин син“. Мажите клечат пред жените додека ги запросуваат, а не обратно. Кога се на состанок со некој досаден фраер, секогаш можат да се задржат во тоалетот „поправајќи си ја шминката“ и да си отидат порано, бидејќи „ги боли главата“.
Не им е потребен нов, брз автомобил за да се израдуваат. Истиот ефект го постигнуваат со пар нови чевли. Девојките може да се гушкаат со другарките, да спијат во ист кревет и јавно да си изразуваат љубов, а никој да не помисли дека тие се хомосексуално ориентирани.
Жените знаат дали се мајки и без ДНК анализа.
Секогаш можат да го искористат својот шарм за да се протнат понапред во редот за чекање или да ја избегнат казната за брзо возење.