Зошто е убаво да имате жена бик во својот живот

Добивај вести на Viber

Одлучна, упорна, доследна, реална, стабилна, внимателна, тврдоглава, фокусирана-сето ова ја опишува жената бик. Ова се нејзините најважни карактеристики. 

Жената бик ја сака рутината, но од сите животни искуства брзо учи и таа никогаш нема два пати да ја повтори истата грешка.

Но, нејзината најголема сила лежи во два квалитети: чувствителност и трпение. Има благ карактер, но тоа не значи дека со неа може да се манипулира. За многу нешта има цврст став кој не може да се смени. А ако некој се обиде да ги теситира нејзините граници ќе се разбуди нејзиниот огнен темперамент.

Сепак, таа избегнува да го покажува тој свој темперамент, затоа што ѝ е важна рамнотежата и сигурноста. Сака природа, но не е авантурист и сака да живее во удобна средина. Не сака ризици затоа што не знае најдобро да се носи со промените. 

Во љубовта, таа е една од најпосветените и најверните хороскопски знаци и затоа секој маж треба да биде среќен ако има жена бик за партнерка. Кога еднаш ќе се врзе за некого, тоа е засекогаш. 

Мажот кој сака ја освои треба да е подготвен на доста додворувања. Од жената бик, тој ќе добие многу, затоа што во нејзината природа е да се грижи за другите, поради што во врската ќе се труди да дава секогаш повеќе. Љубовните партнери често ги изненадува со својата умешност во креветот. Страствена и нежна, итра и заводлива, жената бик најмногу си одговара со мажите од знаците рак, девица, јарец и риба.