Зошто е важен родителскиот надзор?

Добивај вести на Viber

Кога децата дојдат во предтинејџерска возраст родителите се помалку време поминуваат со нив во зборување, дури и помалку од еден час дневно.

Ако детето во тинејџерските години се најде во проблеми околината обично се прашува каде биле родителите и што правеле наставниците да не дојде до проблеми. Обично се мисли дека никој не бил доволно строг и дека детето немало доволно контрола или надзор. Родителскиот надзор и строгост се важни, но бидејќи во ништо не треба да се претерува, се прашуваме: „дали е можно да се попушти во строгост и истовремено да се задржи влијанието на своето дете?

Дури околу 20 отсто од децата во предтинејџерска возраст се чувствуваат доволно слободни да разговараат со родителите на тема која ги мачи. Голем дел од децата имаат чувство дека родителите не им посветуваат шанса да го искажат своето мислење.

Очигледно е дека постои јаз во комуникацијата доколку едната страна смета дека нема прилика да го каже ставот. Меѓудругото и сами сме свесни како во ситуации кога една личност доминира и монополира со разговорот се јавува чувство на лутина и бес, неразбирање и огорченост.

Што може да направат родителите?

Поставување на јасни правила и соопштување на високи очекувања во лично однесување и надвор од тоа е одличен почеток. Тука, секако се и следењата на случувањата во животот на детето и давање личен пример.

Освен тоа, важно е и насочување на енергијата на конструктивно решавање конфликти (до кои секако некогаш ќе дојде) и настојување да разберете физички, емотивен и социјален развој на детето.

Комуникацијата е клучен фактор, па затоа експерите советуваат да се соочите со својот страв , да ја вербализирате својата загриженост и да ја префрлите топката на разговор во дел од моментот со кој управува вашето дете. На децата им е потребно да знаат дека на родителите им е гајле што се случува во нивните животи.

Надзорот е сосема легитимен

Кога децата дојдат во предадолесцентна возраст, родителите понекогаш помислат дека е време да ги попуштат контролата и надзорот. Секако е вистина дека на децата на овие години им треба помалку надзор од час во час, но секако не е време родителите да дигнат раце и да им препуштат на идните тинејџери да ги водат сопствените животи.

Децата кои родителите ги надгледуваат многу поретко се наоѓаат во проблематични ситуации, како што објаснуваат психолозите. Прецизни насоки кои се однесуваат на користење алкохол, дрога, цигари и слични теми кои се сметаат за табу треба да се воведат сосема рано. Кога децата влезат во години пред адолесценција, се потешко е да се научат на тие лекции. Затоа родителите не би требало да чекаат детето да прослави 15 или 16-ти роденден за да ги разјаснат правилата бидејќи тогаш е доцна да ги учат првите лекции.

Кој проблем и да се појави, соочете се со него. Нема затворање очи, срам и чекање да помине само од себе.

Ако мислите или гледате дека не можете сами побарајте помош. Психолозите предупредуваат дека незнањето не е богатство, а игнорирање на сериозен проблем не е ефикасен начин да се спасите од него.