Зошто е важно да можете да ги меморирате резултатите од мерењата на крвниот притисок
Кој
е најсоодветен апарат за мерење на крвниот притисок во домашни услови?
Мерењето на крвниот притисок е важно, бидејќи обезбедува увид во функцијата на кардиоваскуларниот систем. Редовното следење на резултатите не треба да се потцени. Ни дава увид и нуди можност за откривање на потенцијалните ризици за нарушување на здравјето. Помага во превенцијата и управувањето на различните заболувања врзани со кардиоваскуларниот систем како на пример удар, хипертензија или инфаркт.
Скоро половина од сите возрасни страдаат од хипертензија, но околу една третина од нив не знаат дека имаат проблем. Апаратите за мерење на крвниот притисок се вредни алатки кои овозможуваат лесно и континуирано следење на состојбата од удобството на вашиот дом. На пазарот може да се најдат голем број на уреди: од рачни сфигмоманометри до полесни за употреба автоматски, дигитални апарати. Постојат толку видови на апарати за мерење на крвниот притисок, што неискусните пациенти може да се збунат при изборот неможејќи да одлучат кој е најсоодветниот за нив. Оваа статија има за цел да ви помогне во изборот на соодветен уред за ефикасно следење на крвниот притисок во удобност на вашиот дом и секако да одговори на прашањето: Зошто е важна опцијата за меморирање на резултатите од мерењето на крвниот притисок?
Што е крвен притисок?
Крвниот притисок (артериски притисок) е мерка за силата со која срцето ја испумпува крвта низ телото. Се мери во милиметри живин столб (mmHg) и се претставува во две вредности:
Систолен притисок - притисокот кога срцето испумпува крв.
Диастолен притисок - притисокот кога срцето одмара помеѓу две испумпувања.
Високиот крвен притисок е често состојба која влијае на артериите на телото. Се нарекува и хипертензија. Карактеристично за неа е што силата на крвта, со која ја притиска стената на артериите, е премногу висока. Срцето мора да работи појачано за да ја испумпа крвта.
Европската асоцијација за хипертензија (ESH) го дели крвниот притисок на неколку основни категории:
Нормален крвен притисок. Вредностите се 120/80 mmHg или помали.
· Повисок крвен притисок. Горниот број варира од 130 до 139 mmHg, додека долната вредност е помеѓу 85-89 mmHg.
· Прв степен на хипертензија. Систолниот притисок е 140-159 mmHg, а диастолниот - 90-99 mmHg.
· Втор степен на хипертензија. Систолниот притисок - 160-179 mmHg, диастолниот - 100-109 mmHg.
· Трет степен на хипертензија. Систолниот - над 180 mmHg, диастолниот - над 110 mmHg.
Следење на крвниот притисок во домашни услови
Можноста да го мерите крвниот притисок самостојно е важен фактор за континуирано и точно следење и одржување на нашето здравје. Еве неколку насоки, како правилно да го правите мерењето:
Бидете смирени. Почекајте најмалку 30 минути по пушењето цигара или консумирањето на кофеин или алкохол. По тренинг, дајте му шанса на телото да се стабилизира и смири, па дури потоа мерете го притисокот. Овие активности можат да допринесат апаратот да детектира покачени вредности на крвниот притисок и со тоа да дибиете неточен резултат.
Седнете удобно, без да ги прекрстите вашите нозе и поставете ја раката на висина на срцето. Седење со прекрстени нозе, може привремено да го зголеми крвниот притисок.
Манжетната поставете ја околу горниот дел на вашата рака, на бицепсот. Доволно затегнете ја манжетната. Не ја поставувајте манжетната врз облеката!
Започнете со мерење.
Ако користите механички апарат, ставете го стетоскопот врз артеријата над лактот и држете го стабилно. Започнете да пумпате воздух во манжетната, се додека стрелката на манометарот не стигне до 180 mmHg или додека звукот не исчезне целосно. Полека, почнете да го отварате вентилот на пумпата и набљудувајте како стрелката почнува да се враќа назад. Горниот притисок е вредноста кога почнува да се слуша пулсот, а долниот - кога тој престанува.
Ако користите автоматски, дигитален апарат, притиснете го копчето и седете мирно додека трае мерењето и додека апаратот не означи крај.
Препораката е, мерењето на крвниот притисок да го правите секој ден, во исто време, на пример, наутро и навечер.
Следењето на крвниот притисок во домашни услови е корисен особено доколку е потребно:
· да ја коригирате вашата медицинска терапија;
· сте бремени или сте имале бебе во последните месеци и сте изложени на ризик од преклампсија. Ова состојба е тешка форма на висок крвен притисок која може да оштети важни органи како што се бубрезите. Кога не се лекува на време, понекогаш може да го загрози вашето здравје и да дојде до излив, удар или дури и смрт.
Меморирањето на резултатите од мерењата на крвниот притисок е важно поради повеќе причини:
Следење на вашата здравствена состојба: Обезбедува важни информации за функционирањето на кардиоваскуларниот систем и за целокупното здравје. Континуираното следење помага во идентификацијата на трендовите во одреден временски период и притоа да придонесе за предвидување односно детекција на одредено нарушување на здравјето.
Рано откривање на здравствени проблеми: Меморирањето на резултати од мерењето на крвниот притисок овозможуваат на личноста и здравствениот стручњак навремено да ги идентификува промените во артеријалниот притисок и воедно да спречат појавата на компликации како:
Инфаркт или инсулт, предизвикани од зголемување на артериските прозори.
Оштетување на бубрезите. Високиот крвен притисок може да предизвика стеснување или ослабување на бuбрезите.
Аневризма. Артериската хипертензија може да предизвика ослабување и напукување на главниот крвен сад, што може да се скине и предизвика опасно крварење.
Проблеми со видот, како што е загубата на вид.
Деменција. Стеснувањето на артериите може да ограничи проток на крв до мозокот, што може да предизвика деменција, позната како васкуларна деменција.
Освен како превентивна мера против сериозни компликации, зачувувањето на неколку последователни мерења обезбедува реален поглед за ефикасноста на пропишаната терапија и му помага на лекарот да направи неопходни корекции во лекувањето, токолку тоа е потребно. Според специјалистите, "златниот стандард" за следење на крвниот притисок во домашни услови се 28 мерења. Ова значи да треба да мерите крвен притисок по четири пати дневно - двапати наутро и двапати навечер - во текот на седум дена. Многумина ги бележат резултатите на хартија, која лесно може да се затури или изгуби. За среќа, со напредокот на технологиите, се појавија посовремени дигитални уреди за мерење на крвен притисок, кои можат да зачуваат многу резултати. Одличен пример за тоа е уредот SENDO.
SEND0 One e автоматски апарат за мерење на крвен притисок кој мери со клиничка точност во домашни услови и располага со опција за меморирање на резултатите од мерењето. SENDO One има меморија за двајца, зачувувајќи до 90 мерења по личност. Тој се користи лесно, на бицепсот на раката, со само едно притискање на копчето. Меморијата за двајца луѓе го прави многу погоден за семеен пар кој сака да ги следи своите показатели на крвен притисок со помош на еден апарат. Покрај тоа, SENDO One е клинички одобрен од Европското друштво по хипертензија и овозможува лесно следење на аритмии во текот на одреден период.
Чести прашања:
Дали високиот крвен притисок и високиот холестерол се поврзани?
Да, високото крвен притисок и високиот холестерол често се поврзани. Од една страна, високите нивоа на холестерол можат да придонесат кон натрупувањето на наслаги во артериите, што ги стеснува и го зголемува ризикот од хипертензија. Од друга страна, високиот крвен притисок може да ги оштети ѕидовите на артериите, со што се олеснува натрупувањето на холестерол и формирањето на наслаги.
Кои се причините за високиот крвен притисок?
Ризик фактори кои можат да доведат до висок крвен притисок вклучуваат: прекумерна тежина, слаба физичка активност, конзумација на алкохол, пушење, високи нивоа на стрес, несоодветна исхрана со ниска консумација на овошје и зеленчук.
Кои лекови можат да го зголемат нивото на крвниот притисок?
Некои лекови, како несакан ефект ја вбројуваат и можноста за зголемување на крвниот притисок. Такви лекови се: нестероидни антиинфламаторни лекови, антидепресиви, орални контрацептиви, кортикостероиди, кофеин, и биолошки терапии.
Кои се симптомите на висок крвен притисок?
Високиот крвен притисок често се нарекува "тих убиец", бидејќи обично не предизвикува воочливи симптоми, особено не во раната фаза од болеста. Сепак, некои луѓе можат да се соочат со: главоболка, особено во задниот дел на главата и тоа во текот на утрото; замор или вртоглавица; замаглен или дупли вид и крварење од носот.
Дефицитот на витамин D може ли да доведе до хипертензија?
Да, постојат докази кои предвидуваат дека дефицитот на витамин D може да биде поврзан со зголемен ризик од развивање на висок крвен притисок. Ниските нивоа на витамин D се поврзани со одредени фактори кои придонесуваат кон хипертензијата но точната поврзаност меѓу нив е уште предмет на истражување.
Пр објава