Зошто е важно да носите мобилен телефон со себе дури и на одмор
Летото е период кога секој од нас посакува барем на кратко да се одмори од секојдневието, од работата, од обврските... Многумина мечтаат за летен одмор на плажа со прекрасен бел песок и тиркизна вода, каде нема човек во близина, ниту каков било електронски уред. Но, во реалноста не можеме да се одвоиме од мобилните телефони, дури и на плажа.
И знаете што? Нормално е и не треба да се чуствувате виновни во врска со тоа! Живееме во време кога мобилните телефони се составен дел од нашиот живот, а реално бенефитот од нив е толку голем, што дури може да се доведеме во непријатна ситуација доколку патуваме без нив.
Не се согласувате? Тогаш, како ќе проверите дали ви е потврдена резервацијата пред да стигнете во хотелот? Како ќе се најдете со пријателите кои треба да ве пречекаат на аеродромот во непознат град? Како ќе ги известите дека сте се изгубиле и треба да ве најдат? Како ќе им пратите порака на домашните дека сте пристигнале сигурно и дека се’ е во ред?
Или сакате да постирате слики на Инстаграм од волшебното место на кое се наоѓате? Или не сте меѓу овие среќници, но на одмор сте, а итно морате да испратите мејл до колегите поврзан со работата?
Телефонот е нашата конекција со светот. Без оглед на тоа каде и да сме, паметно е да го имаме со себе за секаква ситуација, добра или лоша. Но, исклучително е важно доколку патувате приватно или службено во странство да ги знаете правилата за роаминг услугите и да проверите кој оператор во дражавата каде престојувате нуди најповолни пакети.
Ова лето, тоа е дефинитивно Македонски Телеком, кој за вас подготви летна роаминг промотивна понуда којашто на корисниците за време на годишните одмори им овозможува опуштена и безгрижна комуникација во странство. Новите и постојни приватни корисници на Smart постпејд и Magenta 1, како и бизнис корисниците на Business и Magenta 1 Business тарифните пакети, добиваат 500 MB интернет и 500 минути во роаминг, достапни за користење цело лето.
Mинутите се однесуваат на појдовни и дојдовни повици во роаминг и за опцијата најевтин роаминг. По целосно искористување на промотивниот роаминг сообраќај, корисникот ќе добие SMS за искористените минути за разговор, како и за искористениот интернет сообраќај.
Промотивните минути и интернет во роаминг можат да се користат до 30 септември 2018.
До тогаш, уживајте во летото и суфрајте безгрижно, постирајте безброј слики и праќајте љубов насекаде. Едноставно, бидете поврзани каде и да сте!