Зошто е важно дермалните филери да ги аплицира доктор: Сè што треба да знаете

Добивај вести на Viber

Употребата на зборот природен изглед и дермален филер во иста реченица може да звучи чудно, но факт е дека по одреден број години нема друго решение за естетските проблеми со кои сите се соочуваме. Не можеме да престанеме да старееме, но можеме да го забавииме и да тргнеме од лицето околу 5-6 години со правилен избор на третман и соодветна грижа. 

Проблемот на потреба за младешки изглед, честопати се појавува затоа што живееме во време на Интернет, каде младоста се служи преку Инстаграм и алатките за фотошоп каде што луѓето го менуваат личниот опис и ги одземаат годините со два прста. Телата се фотошопирани до нереални размери исто како и лицата, а голем број луѓе ги следат овие естетски упатства и носат фотографии од некои модели на Инстаграм до ординациите на козметичките хирурзи. 

Факт е дека не можете да изгледате како да имате 25 години ако имате 40 години, но со правилна апликација и избор на доктор сигурно може да изгледате како да сте во раните 30-ти.

И во морето на трендови што владеат со нашето општество денес, едно од најпопуларните во естетиката на лицето се дермалните филери. Секако, секој е запознаен со нивните добри и лоши страни досега, но една од темите што останува неодговорена, па дури и донекаде занемарена, е зошто е важно дермални филери да се ставаат од страна на професионалци, односно лекари?

Дермалниот филер е препарат со кој пациентите во над 90% од случаите ги добиваат посакуваните резултати од изгледот на лицето, првенствено пополнувајќи длабоки брчки, „кревајќи ги“ регионите на јагодиците и образите, корегирајќи ги темните кругови под окото или зголемување на волуменот на усните.

Сепак, филерите исто така можат да предизвикаат сериозно оштетување на ткивото ако се нанесат неправилно, или се применуваат филери со слаб квалитет. Причината за ова е многу сложената и специфична анатомија на лицето, односно постоењето на густо разгранета мрежа на артериски и венски капилари.

Дермалните нема да исчезнат, и сигурно ќе ги разубават животите на сите оние кои сакаат да се подмладат уште долго време. Но, сепак, поважно е кој го нанесува полнењето, отколку колкава е неговата цена. Токму на таа тема разговараме со специјалист од оваа област, доц. д-р Анета Кокалеска Петрушевска од реномираната ординација „Д-р Анчевски“. 

* Како функционираат дермалните филери?

- Дермалните филери се користат за естетски третмани на лицето и се инјектираат во кожата. Филерите  дејствуваат така што ја надополнуваат хијалуронската киселина  во кожата.  На тој начин ги намалуваат  линиите и брчките, ја ревитализираат и  додаваат волумен на кожата. Дермалните филери  се инекции со мек гел, кој се состои од стабилизирана, не-животинска хијалуронска киселина. Гелот многу наликува на хијалуронската киселина што природно постои во телото и нашата кожа го прифаќа. Тој е долготраен, но не е траен.

* Како може да се аплицираат а резултатот да биде приметен но не и нападен ? Може ли да се постиген природен изглед?

- Да се постигне природен  и ненападен изглед лично е моја цел како дерматолог кој веќе подолго време се бави со вбризгување филери во естетски цели. За да се постигне таа цел треба да се одберат правите точки и да се користи оптимално , но не и претерано количество филер. На тој начин не само што ќе се добие природен изглед   и ќе се избегнат нусефектите. 

* Кој смее да вбризгува филери ? Како да се избере добар доктор?

- Во нашата држава со закон е уредено дека апликацијата на дермални филери и други инекциони техники на кожата треба да ја вршат специјалисти дерматолози. Мој совет е кога некој избира доктор за апликација на дермални филери , да побара серфтифициран специјалист дерматолог со долгогодишно искуство во ова поле. Секако тоа да се одвива во ординација, со лиценцирани и квалитетни продукти. Не ретко пациентите се распрашуваат  и доаѓаат  по препорака на некој свој близок кој ја имал успешно спроведено таа процедура и бил задоволен од резултатот. 

* Зошто 1 мл не е доволен за сите проблеми?

- Многу често пациентите бараат со една инекција која содржи 1 мл да ги пополнат назолабијалните бразди, да ги истакнат јагодиците и малку да ја освежат устата. Но да не заборавиме дека ефектот е зависен од количината која не е добро да е преголема за да не биде нападен ефектот ама пак ни премалку бидејќи на тој начин нема да има видливи резултати и на крај клиентот е незадоволен од резулататот. Јас вообичаено долго се консултирам со секој пациент поединечно за да нема недоразбирање околу мојата проценка за потребната количина врзана со посакуваниот ефект. 

* Имаат ли дермалните филери нуспојави?

- Дермалните филери имаат нус појави кои може да бидат чести и ретки. Чести несакани ефекти имаат тенденција да се појават околу местото на инјектирање - оток болка модринки , чешање осип и обично поминуваат за 7 -10 дена.  Ретки несакани ефекти се: инфекција, истекување на филерот во околното ткиво , грутки или нодули на местото на инјектирање, прекумерно притискање на крвен сад кое може да доведе до ткивна смрт.

* Со кои дермални филери да се третираат лицето и усните а со кои вратот и деколтето?

Дермалните филери кои во својот состав содржат хијалуронска киселина се користат за зголемување на усни и за пополнување на брчки на лицето. Меѓутоа за додавање на волумен особено кај пациенти на средна возраст и повозрасни тоа се постига со употреба на на друг тип филери како што се – калциум хидроксиапатит ( име на бренд Radiese). Овој филер користи калциум (во форма на микроскопски честички) . Гелот е со подебела конзистентност од ХА, што го прави подобро прилагоден за длабоки брчки и додавање волумен односно контурирање на лицето, вратот, деколтето и рацете. Ефектите траат над година и пол дури до две. 

За иста цел односно додавање на волумен онаму каде се топат мастите на лице, врат, деколте, раце  се користи и продуктот Скулптра кој во суштина е Поли-Л-млечна киселина. Оваа биоразградлива киселина помага да се стимулира производството на колаген на кожата, наместо да ги „полни“ брчките. Ова и дава цврстина на кожата и го намалува изгледот на брчките. Работи постепено, но резулаттите може  да траат  најмалку две години, што го прави полнењето полутрајно .