Зошто и колку е важен лебот во исхраната на децата?

Исхраната на децата треба да биде разновидна. Здравата исхрана е најважна за време на детството, заради брзиот раст, развој и зголемената активност. Разновидноста на дневното мени е вториот предуслов за снабдување на детскиот организам со сè што е потребно. Исхраната треба да вклучува житарки, меѓу кои е лебот, месо, млечни производи, зеленчук, овошје, јаткасти плодови, сето тоа е потребно за детскиот брз и интензивен раст.

Храната што ја консумираме во голема мера влијае на функцијата на мозокот, вклучувајќи ги и учењето, меморијата и емоциите. Лебот е носител на повеќе состојки кои имаат водечка улога во поттикнување на развојот кај децата, природни растителни влакна, минерали, витамини, растителни протеини и јаглехидрати.

Мозокот е потрошувач на повеќе од 20% од вкупната дневна количина енергија. Главен извор на енергија за функционирање на мозокот е глукозата. Таа може да се добие преку консумирање слатка храна, богата со шеќери, но подобро е да се добие од консумирање јаглехидрати, со кои е богат лебот. Затоа, лебот со својот состав влегува во храна неопходна за детскиот развој. Следејќи ги глобалните трендови во исхраната и како се развиваат потребите за нутритивно збогатена храна, Жито Лукс за развојот на децата го создаде детскиот леб, Тости. Пченичниот леб, е уште збогатен со калциум, железо и витамин Д. Калциумот и витаминот Д се неопходни за нормален раст и развој на коските кај децата, додека пак витаминот Д е важен и за нормално функционирање на имунолошкиот систем кај децата, а железото придонесува за нормален когнитивен развој. Според овој состав, четири парчиња од лебот Тости го снабдуваат детскиот организам со над 30% од препорачаниот дневен внес на овие состојки. 



ПР објава