Зошто кожената јакна е парче што треба да го има секоја жена: 5 непогрешливи есенски комбинации
Најчесто се носи во преодните периоди
Направена уште во 1928 година, кожената јакна денес, децении подоцна, е незаменливо парче во преодните сезони.
Обично се носи во текот на пролетта и есента, па сега е идеално време, ако веќе не сте го набавиле ова модно парче, да го направите тоа.
Кожнета јакна дава карактер на секоја комбинација облека, денес тие може да се најдат во разни кроеви, модели и бои.
Лесно се комбинира со други парчиња облека, а ова се само некои од нив:
Со тексас кошула, бела маичка и плисирано здолниште, кожената јакна е полн погодок.
Популарна комбинација за есен, симбиоза на природни материјали, односно кожа и волна, е полн погодок за да ве стопли и да изгледате модерно.
Деталите во „бојата на коњак“ ќе дадат посебен шарм на вашата комбинација на облека.
Кога завршува летото, а есента се‘ уште не го презела кормилото, кожената јакна ќе ви послужи за да ја комплетирате вашата комбинација со фустан и сандали, а исто така добро ќе ви служи во студените вечерни часови.
Црни „skinny“ фармерки и кожена јакна во тегет боја се непогрешлива комбинација.
Фото: printerest
Мода за жени после 40: Како да изгледате префинето, модерно и отмено, но целосно пристојно (ФОТО)