Зошто не треба да им викате на децата?
Викањето е знак дека сме очајни и дека не знаеме што да правиме.
Освен тоа викањето негативно влијае на мозокот на детето.
Има многу ситуации кога родителите викаат на детето, но се покажало дека фактори се изолираноста и и исцрпеноста на мајката.
Многу родители кажуваат дека зад нивното викање се крие стрес и замор. Но, тоа се одразува врз психолошкиот и умствениот развој на детето.
Американска студија направена од Универзитетот Питсбург покажува дека редовното викање на детето, може да доведе до агресивно или пак повлечено однесување.
Секојдневно викање на деца до 13 години создава проблеми во однесувањето, а кај оние кои се над 14 години може да има знаци на депресија.
Викањето наместо да ги смали проблемите, ќе ја влоши послушноста на детето.
Медицинската школа од Харвард отиде чекор понапред и докажа дека викањето кај децата прави промени на мозокот.
Затоа дајте си време да се смирите, да не викате по детето, да не очекувате премногу и да не чувствувате вина.