Зошто се пробиотиците во првата линија во третманот на дијареа

Добивај вести на Viber

Микрофлората кај човекот ги вклучува сите микроби-бактерии, фунги и паразити кои живеат во неговиот организам. Во гастроинтестиналниот тракт, овие организми се означуваат како гастроинтестинална микрофлора и имаат значајна улога во метаболизирањето на храната, апсорбирањето на нутриенти, превенирањето на колонизација со патогени и сл. Се состои од околу 400 видови на бактерии, фунги и паразити. Со зголемување на свесноста во однос на значењето на човечката микрофлора, постои зголемен интерес за начините на модифицирање на микробиомите со цел превенирање или третман на болест. Тие се живи микроби за кои се смета дека обезбедуваат терапевтски придобивки кај домаќинот.

Механизми на дејство

Пробиотиците примарно делуваат преку блокирање на колонизација на цревата од страна на патогените бактерии преку повеќе механизми. Тие компетитираат со патогените бактерии за соодветна колонизација со цел да се врзат и да се овозможи нивен раст, како и со нутриенти во ткивото кај домаќинот. Некои од пробиотиците имаат способност да продуцираат метаболити кои поседуваат антибактериски ефекти против други организми, како и да екскретираат бактерицидни протеини наречени бактериоцини, водороден пероксид, млечна киселина или оцетна киселина кои можат да ја блокираат колонизацијата на патогените организми.

Во однос на имуномодулациските ефекти, некои од пробиотиците поседуваат способност за стимулирање на имуниот систем преку иницирање на вроден и имун одговор посредуван од антитела. Исто така, ги намалуваат маркерите на хиперсензитивните реакции и инфламација, предизвикувајќи имуносупресивен ефект. Начинот на кој влијаат врз имуниот систем зависи од здравствениот статус на индивидуата. Кај лица со хиперсензитивен имун систем, пробиотиците вршат надолна регулација врз функцијата на имуниот систем, додека кај здрави лица без хипосензитивен имун систем, пробиотиците вршат негова стимулација.

Пробиотиците најпрво мора да го преживеат ниското pH во желудникот, да стигнат до колонот и да атхерираат врз интестиналните клетки. Пример, Lactobacillus GG покажуваа поголема атхеренција кон интестиналното ткиво отколку Lactobacillus acidophilus или Lactobacillus bulgaricus. Тие исто така треба да поседуваат и активност кон патогените организми. Пример, некои пробиотици помагаат во ерадикација на инфекции предизвикани од Clostridium difficile, додека други не покажуваат дејство, што значи дека не постои еквивалентност меѓу видовите на пробиотици поради можни разлики во процесите на производство, чување и сл.

Најчеста употреба и клинички докази за пробиотици

Дијареа асоцирана со употреба на антибиотици-најчеста и најпроучувана состојба што наметнува употреба на пробиотици. Водичите од Infectious Diseases Society of America (IDSA) од 2017 година препорачуваат пробиотици како опција за намалување на симптомите на оваа состојба. Антибиотиците делуваат и врз нормалната флора, што доведува до можност за раст на патогените организми. Употребата на пробиотици се смета дека ја надополнува нормалната гастроинтестинална флора и ја превенира прекумерната колонизација на патогените бактерии. Поради тоа, клиничките истражувања покажуваат дека кај пациентите кои употребуваат пробиотици во комбинација со антибиотик постои значајно намалување на ризикот од дијареа.

Др.Халил Исмаили специјалист инфектолог

* ПР - објава