Зошто секоја жена во текот на денот треба да изеде една лажица сусам?

Добивај вести на Viber

Она што сусамот го лечи, ретко која житарица го може, па поради тоа задолжително внесете го во исхраната.

Доколку во јадењата често додавате сусам, на својот организам му правите голема услуга. Црниот сусам, белиот сусам, црвено / кафеавиот сусам… се различни сорти кои се разликуваат по бојата на семето полно со масло и протеини.

И додека кафеавиот и црниот сусам на пазарот се појавува неизлупен, белиот може да се најде излупен, но исто така и во форма на паста, која многумина ја знаат тахини.

Витамините Б, А, Е, лецитин, ниацин, бројните минерали како калциум, калиум и магнезиум, фосфор, железо, цинк и селен… зборуваат сами за вредноста на ова, многу мало по големина, но кога е здравјето во прашање многу моќно растение.

Стоматолошки проблеми

Сусамот ги зајакнува нашите заби и влијае на здравјето на усната шуплина, забите и непцата. Со неговото користење ги намалуваме воспаленијата, инфекциите, ги зајакнуваме забите и глеѓта на забите, делуваме на спречување на формирање на забни плаки, но делуваме и на исфрлање на токсините од телото.

Го зајакнува кардиоваскуларниот систем

Сусамот го намалува крвниот притисок и го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Антиоксиданс

Сусамот содржи две уникатни соединенија од групата лигнани - сесамин и сесамолин. Сѐ повеќе студии ја покажуваат важноста на сусамот во улогата на зајакнување на нашето тело и дејствување во борбата против слободните радикали. Луѓето кои се борат со рак на дојка, карцином на дебело црево, рак на грло... сусамот е еден од помагачите во борбата за подобро здравје.

Здравје и убавина на кожата

Маслото од сусам ги ублажува иритациите, а со содржината на витамин Е и цинк, влијае на здравјето на кожата, нејзината еластичност и ги забавува процесите на стареење, сушење и предвремено формирање на брчки.

Аналгетик

Локалното аплицирање на погодените области, покажуваат ефект на масло од сусам како одличен избор за ублажување на болката. Исто така се препорачува за вкочанетост, слаба циркулација на крв, слаба циркулација...

Афродизијак

Редовното консумирање сусам ја намалува импотенцијата и има ефект на зајакнување и стимулирање на виталните функции и зајакнување на репродуктивното ткиво.

Го регулира менструалниот циклус

Од таа причина, се препорачува како составен дел од исхраната во предменструалниот период. Ја намалува болката во менструацијата и ги ублажува симптомите на ПМС.

Ги зајакнува коските

Сусамот е богат со калциум и неговиот ефект на загревање и длабоко продирање во ткивата, дополнително зборува во прилог на неговата важност во одржувањето на здравјето и силата на нашите коски. Особено се препорачува за луѓе кои страдаат од остеопороза.

Хранлив тоник

Тој е лесен лаксатив, затоа го регулира варењето, влијае на здравјето и работата на цревата, но и на целиот дигестивен систем.

Поради сите овие причини, добро е да се јаде барем по една лажичка сусам на ден, а за да бидете сигурни во квалитетот, побарајте го сусамот „Кибела“.

Извор: stil.kurir.rs