Зошто треба да консумирате магнезиум во течна форма?
За важноста на магнезиумот за квалитетниот и здрав начин на живот се напишани голем број стручни трудови. Општо е познато дека магнезиумот придонесува за нормалното функционирање на метаболизмот и производството на енергија, како и за намалување на чувството на замор и слабост.
Сепак, се покажа дека цврстите и прашкасти форми на магнезиум тешко се апсорбираат во организмот, и постои значителна доза на неискористеност на внесениот магнезиум во организмот. Затоа, регионалниот лидер во производството на додатоци на исхрана, Fortex Nutraceuticals ја формулираше иновативната течна форма на магнезиум во одличниот Magne D’Oro Liquid. Течната форма на магнезиум цитрат нуди максимална апсорпција и поголема искористеност во организмот. На овој начин се овозможува едноставен и брз начин на дозирање. Вака внесениот магнезиум многу полесно се апсорбира, лесно е сварлив во организмот, а заради тоа што супер брзо се апсорбира во крвта, телото веднаш го искористува во целост, а зголемена му е и брзината на делување.
Заради брзиот начин на живот, јасно е дека магнезиумот треба да стане незаменлив дел од вашето секојдневие. Затоа ликвидните форми на магнезиум се најпрепорачливиот пристап во внесувањето на магнезиум за виталност секој ден. Тој гарантира и нормална функција на мускулите, кардиоваскуларниот и нервниот систем. Бројни студии покажуваат дека магнезиумот е еден од најпотребните елементи во човековото тело, и затоа што го враќа електролитниот баланс, но и придонесува за синтеза на протеините.