Зошто треба да престанете да ја перете облеката на 60 степени?

Добивај вести на Viber

Изгледа дека она старото правило „колку е потопла водата, толку е почиста облеката“, веќе не важи ...

Отсекогаш сме учеле дека шарената и црна облека треба да ги переме на 40 степени целзиусови, а белата и понечиста на 60. Сепак, изгледа дека ова правило веќе застарело.

Според новите студии, перењето на облека на 60 степени целзиусови е сосема непотребно.

Како прва причина се наведува беспотребното трошење енергија, а покрај тоа дури и тврдокорните дамки може да се исперат без проблем на 40 степени.

Посебно ако користите модерни машини за перење облека, како и течни детергенти, кои ќе ги отстранат сите нечистотии.

На која темпертура вие перете теммна и шарена облека?