Зошто вашето дете треба да консумира чоколадно млеко помеѓу училишните часови?
Децата постојано учат, впиваат и се хранат со информации и сознанија за сѐ околу себе. Иако во текот на часовите процесот на обработување податоци е најинтензивен, сепак нивното учење никогаш не престанува. Во тие моменти мозокот има потреба од состојки што ја поттикнуваат работата на мозочните ќелии.
Способноста на децата да воспримат и да процесираат огромен број податоци е импресивна. Затоа во текот на совладувањето содржини за време на часовите, трошат многу енергија и калории. Примањето храна што ќе го поттикнува нивниот развој во секој поглед, физички и психички е многу потребна. Изборот на храна може да влијае врз енергијата, концентрацијата, може да го подобри функционирањето на мозокот и да го поттикне памтењето.
Една чаша чоколадно млеко пред часови или на одморот меѓу часови, посебно во услови кога децата учат од дома, може да направи голема разлика. Причината за ова се моќните флавоноидни антиоксиданти што се примаат и со чоколадното млеко. Соединенијата флаваноли се состојка на какаото од што е направено чоколадното млеко. Моќта на флавонолите е влијание и стимулирање на циркулацијата во крвните садови во мозочните центри за меморија и учење и поттикнување поголема активност.
Целосно земено, чоколадното млеко обезбедува важни хранливи материи - како што се калциум, протеини и витамин Д - што носи голема корист за здравјето, минерали, електролити како и други нутриенти. Сепак, чоколадното млеко нуди и нешто повеќе.
Освен ваквите силно аргументирани придобивки од чоколадното млекото, составот на некои млека е дополнително збогатен, како што е Чоколадното млеко со 10 витамини на Бимилк. Ова млеко, освен основните хранливи состојки е збогатено со уште 10 витамини избрани заради нивните големи придобивки и широка искористеност во многу процеси, како што се Б1, Б3, Б5, Б7, Б6, Б9 и Б12, А, Е и Д3. Витамините од групата Б учествуваат во повеќе метаболички процеси, меѓу кои и развивање на мозочните клетки, витамин А се грижи за очите, а витаминот Е за младешкиот изглед и кожата.
Добро е познато дека млекото е природно богато со калциум, основна хранлива материја потребна за коските и забите, но ова млеко има додадено и Д3 кој помага за подобра и максимална апсорпција на калциумот во коските и на тој начин за нивно зацврстување. Збогатувањето на млекото со Д3 витамин е многу често во САД и во многу други земји и заради превентивни ефекти врз здравјето.