Зошто вежбањето јога е добро за жените?
Јогата создава баланс и го смирува телото и умот. Таа, всушност е клуч за подобар, посреќен и поздрав живот. Многу студии го докажуваат тоа, дека придобивките од вежбањето јога, не се само за физичкото здравје туку и за менталното. Освен општо познатите придобивки за тоа дека телото добива голема еластичност и смиреност, малку жени се запознаени со придобивките кои ги пружа вежбањето јога токму за женското здравје.
- Здрава и сјајна кожа.
Со вежбањето јога го намалувате стресот во вашето тело кој многу често предизвикува иритации, флеки или пак акни на вашата кожа. Со самата смиреност овозможувате раничките и акните да зараснуваат побрзо, со што на крајот ќе постигнете сјајна и здрава кожа. Затоа кога ќе почувствувате дека сте под стрес започнете со вежбање јога.
ПМС и менструален циклус.
Не постои жена која не се соочила со менструални болки и хормонални промени за време на циклусот. Многу жени имаат проблеми и за време на ПМС, искусуваат несоница, иритабилност, главоболка, депресија и слично. Со помош на јога вежбите можете да ги намалите и контролирате овие проблеми. Вежбањето јога го зголемува количеството на допамин и буди убави чувства, со што прави да се чувствувате подобро.
Крвен притисок и циркулација.
Оние кои имаат проблем со крвниот притисок со помош на јога вежбите ќе го нормализираат, бидејќи се намалува стресот во телото, се релаксираат мускулите. Исто така, се подобрува циркулацијата, со што ќе можете да кажете збогум на ладните стапала и дланки.
Плодност и бременост.
Јогата ја подобрува овулацијата и хормоналниот дисбаланс со што ја зголемува плодноста кај жените, затоа многу често се препорачува за оние кои имаат проблем да добијат деца. Исто така го олеснува целиот процес на бременоста. Многу трудници искусуваат болки во грбот и нозете, како и иритабилност, дел од јога вежбите за трудници помагаат при ваквите проблеми. Јога вежбите исто така можат многу брзо да ви помогнат да ја вратите вашата силуета во нормала по бременоста.
Цврст задник и тонирани нозе.
Сите тежнеат кон оваа цел - цврст и заоблен задник и тонирани нозе. Применувајќи ги јога вежбите само неколку дена ќе забележите промена, ќе почувствувате како мускулите на вашиот задник и нозе полека се зацврстуваат. Освен што се зацврстуваат мускулите постепено и се тонираат, со намалување на масните наслаги и целулитот при вежбите. За кратко во вашите омилени хеланки или панталони ќе изгледате подобро.
Менопауза.
Жените кои влегле во менопауза, кажуваат дека проблемите со кои се соочуваат секојдневно се неподносливи. Почнувајќи од нападите на топло – ладно, иритабилност, главоболки, полнење на телото со вишок течности и многу други симптоми кои им го отежнува квалитетот на живеење. Сите овие проблеми можат да се оттргнат со помош на јога вежби. Тие помагаат за главоболките, ги исфрлаат вишокот течности и го смируваат телото.
За Женски магазин, Ана Јордановска