Насмевката е украсот кој го носи секогаш. Ранобудник кој ужива во љубовта. Разгалена покрај тројцата мускетари по дома, таа е најсилната алка во нивното убаво семејство. Авиони не сака, но сака мотори и возење со автомобил. Сака ракомет. Сака да готви. Деновиве е верна на хроно исхраната. Секоја недела и е резервирана за кафе со нејзиниот сопруг. Таа е силна и инспиративна дама.
Со Анита Даева разговаравме за интересни нешта дел од нејзиното богато секојдневие. Ги слушнавме и потресните моменти од перидот на нејзината бременост.
Женски Магазин Мајка на два прекрасни сина. Вие сте единствената дама дома. Дали тоа значи дека сите ве разгалуваат?
Даева Една е мајка