,

Блогер пресмета колку чини работата на куќна помошничка

Добивај вести на Viber

Американскиот блогер Стивен Нелмс пресмета колку чини работата на неговата жена ако ја плаќа како куќна помошничка. Заклучил дека никогаш не би можел да ја плати работата во куќата и грижата за синот. „Мислам буквално кога кажувам дека не би можел да си дозволам жена ми да остане во куќата. Еве зошто. Таа е секој ден во куќата и се грижи за синот. Менува пелени, го храни, го заспива и го теши кога е вознемирен. Секако такво внимание детето добива и во градинка. Но,  разликата е во тоа што за неа во фокус е синот. Нема други деца за кои треба да се грижи. Целото внимание е насочено кон него. Секако дека е нормално тоа за еден родител, но сака да се грижи за своето дете. За таква работа дадилка добива по 800 евра неделно. Така доаѓаме до сума од 37.000 евра годишно. Јас немам толку пари за она што таа го работи“ - вели тој. Ако се земат во предвид сите обврски кои жената ги врши, се доаѓа до сума од 66.000 евра годишно.