,

Вака се одгледуваат деца: Анџелина Џоли со изјава која заслужува внимание од родителите

Добивај вести на Viber

Анџелина Џоли е мајка на шест деца од кои има три ќерки: 12 -годишната Захра, 11-годишната Шило и девет годишната Вивиен. Во отворен разговор за американскиот магазин Еlle од јануари 2018та убавата актерка открива како ги одгледува своите миленички. -Им реков на своите ќерки-она што ве издвојува е вашата желба да им помогнете на другите. Секој може да облече фустан и да стави шминка, но вашиот ум е она што ве дефинира. Од порано е познато дека славната хуманитарка не може да одбие ниту едно барање на своите деца, но настојува да ги научи да не бидат личности кои само земаат, туку и да и допринесуваат на заедницата. -Им реков да дознаат кои се, како размислуваат и за што се залагаат. Исто така да се борат за другите да ја имаат истата таа слобода. Да им бидеш на располагање на другите е живот кој вреди да се живее-рекла Џоли. Одлучила овие лекции да им ги покаже со сопствен пример, а тоа го гледаме со хуманитарните активности кои ги прави во последните години.