ВЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ: На овие седум начини го навредувате своето дете

Добивај вести на Viber

Еден психолог рекол „Во секоја прилика - земете го своето дете за рак. Ќе помине малку време и тоа ќе престане да ви ја дава дланката“. Она што го правиме во животот на нашите деца се враќа стократно. Ако детето расте во доверба, тогаш тоа ќе има доверба во другите луѓе. Ако најмалите добиваат внимание и љубов, тогаш и тие стануваат грижливи. Но, има и работи кои родителите ги прават од лутина и невнимание и не се ни свесни што тоа создава кај децата. не разбираме Кога имав 13 години, се заљубив. Еугене беше одличен ученик и идеален во моите очи. Но, тој не ми обрнуваше внимание и јас плачев. Мајка ми се обидуваше да ме утеши и ми говореше бесмислици „Што ти е тебе. Тоа е толку несериозно. Тоа ќе помине за година дена“. Но, јас не сакав мојата заљубеност да помине. Подоцна во филмот „Не можам да сонувам“ ја видов истата сцена. „Мамо јас ја сакам Ката“. „О00, не биди смешен, ќе имаш уште милион такви Кати“. А зошто вие родителите секогаш знаете однапред се за нас? не поддржуваме  Малиот Карузо отишол дома и кажал на својата мајка дкеа добил критики за своето пеење на училиште. Поддржете го своето дете и речете му дека може. споредуваме со други деца „Погледај каква е Ања, уредна и чиста, а ти си како свиња“. Познато ви е ова? Што мајките постигнуваат со ова, освен омраза кон Ања. се срамиме  Кога бевме мали со сестра ми отидовме во продавница, но таа имаше мозолчиња. Продавачките се свртеа, ја погледнаа и почнаа да се смеат нарекувајќи ја „убавица“. навредуваме со дела и зборови  Во 8 одделение се сметав за возрасна и зрела, но не ми одеше геометрија, за што татко ми ме удри, и долго не сакав да зборувам за тоа. викаме и губиме контрола над себе Додека бев на породилно, жената која беше со мене, почна да му вика на детето „Што ти е на тебе, што сакаш?“. Никогаш не бев видела нешто пострашно од очите на детето. Сигурно и жената потоа се срамеше. игнорираме Ова е најлошо. Една јапонска техника тоа го покажува. Човек засадил три садници. Поминал покрај првата, кажувал убави зборови, поминувал покрај втората и кажувал само навреди, а третата ја игнорирал. По месец дена првата била сочна, и растела, втората се сушела, а третата станала гнила.