,

(ВИДЕО) Длабоките емоции Коки ги преточи во новата песна „Песно стара“

Добивај вести на Viber

Сеќавањата со пријателите, саканите и родителите никогаш не се забораваат. Тие се трансформираат во нешто повеќе, нешто што со себе привлекува  не само слики од одредена ситуација, туку чувства кои ја разгоруваат и исполнуваат душата. Оваа клучна човечка доблест, да се сеќаваме на моментите кои градат карактер, Никола Јанков – Коки ја преточи во песната „Песно стара“ и нејзиниот видео запис. Тој цели кон тоа да ја долови сечија приказна, без разлика дали таа е родена во кола, во дискотека, во парк или на било кое друго место. Никола Јанков – Коки вели дека песната сигурно има некој поширок контекст, но тој ја доживува интимно.     Аранжманот, мастринг и продукција на „Песно стара“ е од Дејан Ѓоргиевски – Ѕене и неговото студио “Ѕене“. Тој и Венко Серафимов, се уметниците со кои Коки соработува уште од времето на „Дуле и Коки“. Придружните вокали се на Андријана Јаневска и Стево Цепишевски. https://www.youtube.com/watch?v=yV638Ca0k_k&feature=youtu.be