Во преполната Метрополис Арена, Меморија ни ги наполни срцата. Публиката ги дочека со транспарент „Меморија, македонскиот Duran Duran“.
Групата Македонија со „Не плачи мило либе“ ја наелектризира патриотската енергија во салата како увертира во сето она што се подготвува за оваа незаборавна вечер. Енергични како времето да застанало за нив, момците од Меморија ја понудија својата музичка сила, сеуште актуелна и свежа. Овој концерт дефинитивно има историски посебна вредност за македонската музика.
Атмосферата која ја надополнуваат посебните визуелни и специјални ефекти беше одлично прифатена од публиката. Таа со полно грло ги пееше сите песни кои бендот ги оживеаја на сцена.
Еден од основачите на бендот, Петар Георгиевски – Камиказа песната „Одам засекогаш“ им ја посвети на сите кои заминале од Македонија. Еве дел од атмосферата во тој миг:
[video width="640" height="368" mp4="http://zenskimagazin.mk/wp-content/uploads/2017/11/video-1511037549.mp4"][/video]