Овогодишната божиќна капмања на H & M Holiday 2017 е предводена од краток филм со Ники Минаж, Џеси Вилијамс и Џон Туртуро.
Филмот, ко-режија на Јохан Ренк, раскажува приказна за паралелен универзум полн со незаборавни ликови и универзална порака за емпатија и интеракција.
Како вистинска современа интерпретација на класична бајка, главната приказна на филмот се фокусира на авантурите на девојче кое го следи лошиот брат на Дедо Мраз за да ја спаси празничната сезона од неговата себичност. Ники Минаж ја игра улогата на мајка на девојчето, а подоцна глуми и прекрасна самовила со име Wisest Thingy додека Џеси Вилијамс влегува во улогата на таткото, како и на натприроден лик наречен Fastest Fairy. Џон Туртуро, од своја страна, ги игра и Дедо Мраз и неговиот злобен брат.
„Ми се допаѓа силната порака на филмот и најмногу начинот на кој тоа девојче го отелотворува херојот кој живее во сите нас“, изјавила Ники Минаж.
https://www.youtube.com/watch?v=2omJBSQcm5g