,

(ВИДЕО) Реакции за трејлерот од серијата „Македонија“

Добивај вести на Viber

https://www.youtube.com/watch?v=-iXP4peB4as&feature=youtu.be Гледајќи го трејлерот, „Македонија“ ќе видите дека тоа е љубовна приказна која во себе носи благородна порака на љубов и надеж! Серијата на која се работеше скоро две години веќе е дистрибуирана на голем број светски пазари и ќе биде гледана низ целиот свет. За нас и за „Македонија“ најважен дел на светот е Македонија и гледачите во Македонија. Наша единствена цел е презентација на Македонија како љубовна приказна која ќе го воодушеви и засака светот. Судејќи според трејлерот, ми се чини дека повеќе станува збор за стереотипна слика за Македонија. Но, во секој стереотип има и по малку вистина, така што можно е се. Дали таа слика е вистинска или не - не можам да кажам бидејќи вистината никогаш не е една. Она што со сигурност можам да кажам е дека тоа е едно можно видување (она на авторите) за Македонија и како такво спаѓа во т.н. автоимагологија, т.е. во сликата што ја создаваме за себеси. А тоа е одговорна задача, особено кога се пласира од моќниот медиум - телевизијата. Останува да ја видиме серијата и секој за неа да суди според сопствениот вредносен систем.“ - вели Лорета Георгиевска. Таа смета дека серијата ќе и се допадне на публиката, затоа што стереотипните слики се лесно читливи и обично се совпаѓаат со колективните ставови. Поп пејачката Кристина Арнаудов смета дека трејлерот навестува одлична серија. Таа додава дека се радува на експанзијата на филмската продукција во Македонија.   Изминативе неколку месециконечно слушаме македонски јазик на телевизија, кој не е синхронизација. Ете, конечно можеме да бидеме задоволни со она што се појавува како продукт на телевизија, иако досега не убедуваа дека не можеме да создадеме готов телевизиски производ, поради што се увезуваа турските сапуници. Искрено се надевам дека сето ова ќе се преслика и кај македонската музика“ - вели Кристина.