,

(ВИДЕО) Сандра Булок, Кејт Бланшет и Ријана се професионални крадци: Првиот трилер за „Oceans 8“ е тука!

Импресивната постава на актерки - Кејт Бланшет, Сандра Булок, Ен Хетавеј, Минди Калинг, Авквафина, Хелена Бонам Картер, Сара Полсон и Ријана - ја донесуваат приказната за Деби Оушн која собира тим од професионални крадци за да изведат речиси невозможна измама на Њујоршката Мет Гала. Иако во овој случај не се работи за суперхеројки, веќе за интерпретацијата на филмскиот класик и продолжение на франшизата, тие со своите неверојатни способности и улоги скренуваат внимание на силните женски ликови во улогите кои најчесто се резервирани за актерите. Како ќе изгледа филмот и што се донесува можете да погледнете во првиот трилер. https://www.youtube.com/watch?v=MFWF9dU5Zc0