, ,

(ВИДЕО-ФОТО) БЕТИ ВАЈТ: „Тајната на долг живот се вотка, хот дог и пржени компирчиња“

Добивај вести на Viber

Бети Вајт пред пет години се најде во Гинисовата книга на рекорди како актерка со најдолга кариера. Вајт глуми веќе 78 години. Во далечната 1939 година се вработи во радио бидејќи на аудициите ја одбивале со изговорот дека „не е фотогенична“. Дури во 80-тите ја оствари улогата на кариерата во серијата „Златни девојки“. Живописната актерка денес слави 96-ти роденден. Бети најмногу ја прашуваат која е тајната за долг живот а таа има помалку необичен рецепт. https://www.instagram.com/p/BdknA69gegb/?taken-by=bettymwhite -Не јадам доручек, за ручек јадам сендвичи. Обожавам хот дог и пржени компири, а се залевам со диетална Кока Кола. Секоја вечер пијам и една чашка вотка , а повеќе од тоа пијам единствено кога се најдам со пријателите-вели Бети која ужива во фактот дека и понатаму е вработена. Имено, кога не е во телевизиско студио или на сет на некоја серија и понатаму волонтира во Зоолошката градина во Лос Анџелес. https://www.youtube.com/watch?v=Gv3c4pBZYiI Минатиот роденден, актерката го прослави на сетот на серијата 'Young & Hungry'. -Трчкаше по сетот и ги вежбаше сцените, тоа е навистина импресивно. Навечер отиде на забава со најблиските пријатели-рекле нејзините колешки. Освен што работи со полна пареа, го јаде и пие она што го сака, Вајт вели дека за нејзинот долг живот е заслужен и оптимизот. -Знам дека звучи старомодно, но секогаш настојувам да ја видам смешната страна на се што е добро и лошо. Брзо ми досадат луѓе кои се жалат на се, тоа е такво губење на време-рекла Бети по повод нејзиниот роденден. Вајт, која со текот на долгата и богата кариера работела со некои од најголемите имиња во шоубизнисот, уште има еден неиполнет сон. -Мислам дека би била многу добра идеја да глумам со Роберт Редфорд-кажала Вајт на која сопругот Ален Луден и почнал во 1981 година од рак. Сама никогаш немала деца, но е маќеа на трите деца на Луден. После тоа не се мажела бидејќи, како вели, „ако си го имала најдобриот, што ќе ти е било кој друг?“. Но, Бети не е срамежлива кога се во прашање мажите. Неодамна изјавила дека сака „постари мажи“ а многумина насмеа со својата реакција гостувајќи во емисијата на Конан О'Брајан, кога покрај неа седеше Џејсон Момоа (38). https://www.youtube.com/watch?v=ljz5uqYt2Xk Бети е позната по тоа што сака да се шегува на сопствена сметка, па во 2011 со Луциана го запеа нејзиниот сингл 'I'm Still Hot'. https://www.youtube.com/watch?v=dEh_asEffoQ