Семеен Албум,
Семеен Албум
(ВИДЕО) Ќе ве трогне: Татко си ја избричил главата за да ја утеши ќерка си
Секако дека сите родители сакаат нивните деца да бидат среќни, а најважен дел од тоа е да научат да се сакаат самите себе и да развиваат здрава самодоверба. Тоа не е секогаш мачкина кашлица, посебно кога децата се носат со предизвици, како здравствени проблеми кои директно можат да влијаат на нивната слика за себе. Токму со тоа се носи шест годишото девојче Рили, откако и е дијагностицирана алопеција. Нејзината мајка, Челси Сливариа, на Фејсбук сподели две трогателни видеа во кои нејзиниот сопруг разговара за тешката тема со својата ќерка и ја избричил главата како знак на поддршка за своето девојче.
„Вчера се шегував со Рили и ѝ говорев кој се го сакам. Таа тогаш ме погледна и праша: „А, дали се сакаш себе??? Истиот момент одговорив: „Секако, секогаш мора да се сакаш себе. Се сакаш ли ти себе?? Таа нежно одговорила: „Не“, напишала 33-годишната мајка Челси. После тој разговор, мајката веднаш го повикала својот сопруг и му раскажала што и рекла Рили. Таа вечер имале во план да ја прослават нивната годишнина од брак, но таткото сакал прво да разговара со ќерката, а мајката го снимила нивниот разговор.
https://www.facebook.com/chelsea.sylvaria/videos/vb.14301560/10102829620110554/?type=2&video_source=user_video_tab
Во видеото, таткото Дејв и говори на ќерката: „Како тоа да се чувствуваш така? Не би смеела да кажуваш такви работи. Ти си толку посебна девојка, косата не е важна. Те сакам исто без разлика на се.“ Тогаш гордиот татко го прашал своето девојче дали сака и тој да си ја избричи главата, а таа одговорила со голема насмевка.
https://www.facebook.com/chelsea.sylvaria/videos/vb.14301560/10102829620350074/?type=2&video_source=user_video_tab
„Тоа беше еден од оние моменти во родителството кога не размислувате ни за што друго туку само тоа да го направите, посебно кога сте родител на дете кое мора да се носи со различности. Зборовите се моќни, но понекогаш делата говорат повеќе од зборовите. Никогаш не сакате да слушнете од своето дете да каже: „Не се сакам самото себе“, посебно кога има само шест години. Можев да видам дека е тажна, дека и треба утеха, и во тој момент знаев дека мојот чин на солидарност ќе ги поправи работите“, рекол 41-годишниот татко и додал дека за него најважна работа е да одгледа деца во околина во која се чувствуваат сакано и дека ќе направи се што е во негова моќ за да знае Рили, дека без разлика на алопецијата, таа е најубаво девојче на светот.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10102426407960934&set=a.700043824544.2255360.14301560&type=3