Семеен Албум,
Семеен Албум
Вилијам ја поддржува: Зошто ова породување за Кејт Мидлтон ќе биде поразлично
Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон два пати се породуваше, но доаѓањето на свет на третото дете за ова семејство веројатно ќе биде ново искуство.
Кејт изјавила дека би сакала своето трето дете да го роди дома во палатата Кенсингтон или во резиденцијата Анмер Хал каде што живее со принцот Вилијам.
-Расправала за тоа со Вилијам и тој ја поддржува. Двајцата сметаат дека би било убаво за семејството да имаат породување дома, посебно за децата Џорџ и Шарлот-раскажал еден пријател на двојката.
Тие веруваат дека така ќе ja избегнат гужвата пред болницата, искуство какво што имаа со раѓањето на двете претходни деца. Имено, тогаш стотици обожаватели ја обиколиле болницата очекувајќи го нивното излегување.
Сепак, и членките на кралското семејство во минатото раѓале дома.
Кралицата Елизабета Втора се родила во куќата на своите родители, а своите синови, Чарлс, Ендрју и Едвард ги донела на свет во палатата Бакингам, а ќерката Ен во куќата во Кларенс.