Животна училница // Приказни
Владата го усвои Предлог-законот за ратификација на Истанбулската конвенцијa
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на својот Твитер профил соопшти дека на денешната 41. седница на Владата е усвоен Предлог-законот за ратификација на Истанбулската конвенција.
Со ратификацијата на Истанбулската конвенција, од државата се очекува да воспостави правен и институционален систем кој ќе обезбеди превенција, заштита на жртвите на родово базирано насилство и прогон на сторителите. Сето ова ќе придонесе кон воспоставување на еднакви можности на жените и мажите и нулта толеранција кон каков било тип на родово базирано насилствоКако што ветивме на почетокот на кампањата ,,16 дена активизам против родово базираното насилство’’ на денешната седница Владата го усвои Предлог законот за ратификација на Истанбулската конвенција, што значи воведување меѓународни норми и стандарди во заштитата од насилство.
— Mila Carovska (@mila_carovska) December 5, 2017