Семеен Албум,
Семеен Албум
Воспитни навики на родителите кои на децата им ја „крадат“ менталната сила
Постојат повеќе работи кои мора да ги избегнувате ако сакате да одгледате дете кое ќе може да се носи со сите животни предизвици.
Да се одгледа ментално стабилно дете не значи дека тоа нема да се соочи со неуспех или дека нема да плаче ако е тажно.
Напротив, тие ќе продолжат и покрај сите пречки.
го поттикнуваат детето да се чувствува како жртва
Дури и ако има неуспех, детето не е жртва. Дури и ако е тешко, децата можат да направат чекор напред.
ги воспитувате со чувство на вина
Ако ги терате децата да се чувствувата виновни, тогаш ќе сфатат дека тоа е нешто неподносливо. Не дозволувајте вашите негативни емоции да му застанат на патот на детето.
вашето дете го претворате во центар на светот
Ако целиот ваш живот се врти околу вашето дете, тие ќе мислат дека сите мора да им угодуваат. Како возрасни кои се премногу самоуверени нема далеку да стигнат во животот.
дозволуваат стравот да управува со нив при донесување одлуки
Ако детето го чувате под стаклено ѕвоно, ќе научи дека играњето со сигурноста е над секоја цена. Покажете дека мора да се соочат со стравот и да излезат од својата сигурна зона.
дозволете детето да има моќ над себе си
Дозволете детето да одлучи што ќе се јаде за вечера или каде ќе се оди на лето. Ако се однесувате со нив како да сте шефови, тогаш им одземате од менталната сила.
очекувате да бидат совршени
Во ред е да очекувате вашето дете да биде добро, но да очекувате да биде совршено, тоа може да ви се одбие од глава. Децата треба да бидат најдобра верзија од себе си.
им дозволувате на децата да бидат неодговорни
Ако детето обавува обврски кои се во склад со неговата возраст, тоа е добро и не е оптоварување.
ги штитите децата од болка
Тагата и тешкотиите се дел од животот. Дајте им прилика на децата да се соочат со непријатност. Дајте им поддршка на децата да се соочат со неизбежните лоши ситуации во животот.
чувствувате одговорност за негативните емоции на вашето дете
Развеселете ги своите деца ако се тажни, посебно ако се работи за мали деца. Подоцна децата мора да научат да се контролираат.
ги спречуваат децата да грешат
Ако премногу ги контролирате дали напишале домашно или дали ја спакувале ужинката за утре за на училиште, нема да му направите услуга на своето дете. Природните последици се најдобар учител во животот. Дозволете им да погрешат и да учат од своите грешки.
казна и дисциплина
Дисциплината е со цел детето во иднина да биде подобро. Децата нека развијат самодисциплина за да донесуваат добри одлуки во иднина.
одат на линија на помал отпор
Научете ги да бидат истрајни и да се трудат, дури и кога мислат дека ќе се откажат.
ги губат од вид вистинските вредности
Научете ги децата да ја гледаат пошироката слика. Децата треба да живеат живот кој има смисла.